Таман на среткуќа кај долното било, за голема радост на Доста, од пелената се слушна нешто како маче кога мјаука. „Мјау, вјау, a јаа,а,а," — се распозна детски глас.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се слуша детски глас. Па тоа е Димче! Зошто ли дошол?
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ја слушам твојата душа како тивка музика, нежна песна во пролетно утро, како мил детски глас, глас на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Го чувствувам твоето постоење како топол бран од медитерански мириси, како диви страсти и топли огнови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Поначесто се тоа плачови и детски гласови“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во тој миг, тој во себе во некој таен агол од својата глава, повторно ги слушна неразбирливите, плачливи детски гласови, онакви какви што ноќум слушаше во Сарајот, зданието на Фазли паша, умниот, но скрбен архитект од Истанбул.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Поначесто, ноќум Сликарот слушаше придушен плач и детски гласови кои доаѓаа од горните простории: „Ми се присторува“, си велеше, се утешуваше и продолжуваше, сиреч, секоја ноќ, секоја полноќ.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зборовите изречени напевно и високо од ѕвонливиот детски глас го исполнуваат со задоволство овој служител на редот и спокојството.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да, можам точно да објаснам: се однесуваше како ние учениците на здодевен час, кога наставничката предава, надвор е пролет, убав сончев ден, се слушаат весели детски гласови во дворот, а нам не ни е умот на часот, туку некаде надвор, во игрите, па наставничката, откако ќе го забележи тоа, ќе рече: „Ама, не сте тука, а?“
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тој го вртеше со немирните тапи прсти копчето на своето празнично палто и со детски глас говореше: - Ајдук е тој. Пие - за бога не знае.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На јаве му се случува страшниот сон во кој ветрот и тој блудат низ испразнетиот град и се печат на тивкиот оган на неодамнешното живо присуство и сеќавање, на довчерашниот, додуша сè помалуброен, но сепак постоен џагор на живиот град, на Солун, што сега исполнет само со бивш живот некој еднаш го нарекол Втор Ерусалим. Кој сега е нов Гехином.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Немаше детски глас, а толку сакавме да го слушнеме. И детско смеење и плачење да слушнеме...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога наближи до училиштето, срцето ѝ се стегна, зашто од училишниот двор не се слушаше онаа толку позната врева, што ја создаваат детските гласови.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Се оѕва детски глас.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Шумот на блиската река не се слуша, буката на автомобилите и детските гласови, под липите расцветани и дивите маслини...
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Живеам меѓу раштрканите згради и детските гласови.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Се слушаа само детски гласови.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Демневме затскриени: немаше човек ниту зад зградата ниту на некој прозорец.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Гледате - шрафцигер. Ама да не мислите ќе отшрафувам. Шрафцигерот го потпикнувам под амблемот, натиснувам и - го откорнувам. Ќе оперираме еден по еден.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се слушале чуруликањето на птиците и извиците на детските гласови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Над бујните жита се носеше тенко детско гласче.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)