Децата од седум до десет години меѓу кои бев и јас не распоредија во детски домови (Балата Занарди, Балатон Алмади, Дик, Чурго и други).
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Мече беше без родители и се скиташе по улиците сѐ додека еден ден не го прибраа во детски дом.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Таму Полјаците нас децата нѐ сместија во детските домови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Јас и денес треперам кога ќе видам детски домови, сѐ уште мислам таму е таа глувост, таа неподвижност, таа штама.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И од тој ден веќе не бевме деца на мама и тато... бевме деца на грчките партизани, деца на генерал Маркос, бевме група на Евгенија, на Марија, на Лина, на Тина и не се велеше децата, туку таа и таа група да дојди, да оди, да се построи на ред за појадок, за ручек, за вечера... бевме група во која немаше име на дете, туку бројче изрежано на метална плочка со ликот на Маркос и на синџирче ја носевме обесена на врат30... а потоа, далеку на север, бевме детски дом број 1, број 2, број 3... и потоа одделеније, па клас... и ретки беа писмата што стигнуваа од дома... ...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)