Се сеќаваше на својот детски лик во берберското огледало кога дедо му за првпат го однесе и него да се истриже на бербер, како возрасен.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во аглите на сликата, од едната и од другата страна над портретот, беа исцртани два детски лика, со прозрачни ангелски лица, со небесна благост во очите и милност во умјасот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Еден ден, Сликарот доби писмо што му го испрати неговиот пријател Јусуф беј, професорот по Убави уметности од Истанбул, а во кое пишуваше: Почитуван пријателе, На Вашата изложба во Сарајот на која ги презентиравме Вашите платна создадени во Истанбул, беше изложено и чудесното платно „Портрет на Непознатиот, со два детски лика“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Еми го прочита својот пофален текст: договор на летувалците да организираат чистење на брегот и поставување табли со натписи, илустрирани со инспиративни симболи - сонцето, цвеќето, насмеани детски ликови...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Портретот и детските ликови пријателски го гледаа и со некоја молчелива благодарност како да му велеа: „Долго го чекавме твоето доаѓање, зашто само ти ја имаше небесната знаја и умниот клуч за а го отклучиш катинарот на времето и ропството на нашите души.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)