Пенливата трага што бродот ја оставаше зад себе,едноличната бучава на моторот помешана со многујазичниот метеж на разголените туристи и брзозборните дофрлувања на неколку мештанки облечени во темни носии, не поттикнуваше на жив, мрешкав дијалог, сѐ додека пред нас не се откри Л. вовлечен во островскиот залив,речиси од истата онаа панорама која ја прижелкуваме од нашите детски спомени.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Со себе ја носиме топлата сончевина и синилото на небото, зеленилото на шумите и одзвукот на ѕвонливиот ветер, мирисот на пчелинокот и чембрицата, опојниот вкус на зрелите шумски јаготки и желбата што тука, под ведро небо и под сенката на бадемите не успеав да отспијам и да отсонам дел од детските спомени и најскришните копнежи и таги.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Едниот од придојдениците со белег на замисленото лице, најверојатно детски спомен од рог на туѓо говедо и со сенка на возбуда во светлите очи, онакви какви што можат да ги имаат и децата и мачките, се викал Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа, строга од некоја своја правдина и со ѕвезда од танки брчки околу устата, застанала пред двајцата без да им одговори на поздравот. Чекала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)