детски (прид.) - ќе (чест.)

Како што Бог, испраќајќи ни и несреќи, го прави тоа затоа што знае што е добро за нас, како таткото што знае дека за детето негово поарно е да не се игра со оган, иако детето мисли дека родителот лошо му мисли, но добрината на тие забрани дури подоцна душата слаба детска ќе ја разбере и појми.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Застанував пред огледалото и внимателно си го разгледував лицето: - Ух, Ведане, Ведане, - му велев на мојот лик во огледалото, - до кога ти вака детски ќе изгледаш?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од едната детска соба треба да направиш спална за 5, 6 деца со кревети на кат ‘ко фиоки поставени едно врз друго, како кибрити, а другата детска ќе ја претвориш во туш кабини зашто само за капење твоите и нејзините, па и ова заедничкото, ако не дај Боже се роди, очи ќе си ископаат, или коси ќе испокубат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)