Добар дел од нив, меѓу кои и нашата соговорничка, останаа невработени – бидејќи, со оглед на нивната специфична старосна структура, е ѓаволски тешко да најдат било каква нова работа. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На работа едвај беа повратени околу 50 „среќници“ кои секој месец склучуваа договори за вработување на определено време и кои добиваа фиксна плата од 12.000 МКД, иако работеа секоја сабота како да е нормален работен ден, без тоа да биде некаде евидентирано – при што се правеа класични малверзации со картиците за електронска евиденција;5 работеа сменска и ноќна работа строго стоејќи на нозе (за приседнување 252 или потпирање се добиваше казна – 20% од месечната плата), во незатоплена и неклиматизирана фабричка хала.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По ова, оваа нова модерна фирма навистина вложи во набавка на најсовремени роботизирани машини – но, само за производство на декоративни плочки, и само во еден мал погон од огромната фабрика, додека остатокот или беше распродаден, или даден под закуп на други фирми.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
(...) Да не мислиш на неможноста со сигурност да се излезе еднаш засекогаш од вителот на семејните трауми, „вини на предците“ и закоравените предрасуди, како во добар дел од расказите?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Таа ја искалаузи Велика Рошкова, од чии накити ѝ оставија добар дел нејзе, а и парите што ги доби Толе скоро две трети ги остави кај неа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ова сигурно траеше добар дел од кривулестиот километар, по кој нè водеше Дог, низ разни патчиња и скали од јажиња.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Романизираните староседелците (Тракијци, Илири, Македонци, елински племиња и Келти) во добар дел биле доминирани од Словените, а биле извршени коренити промени и во топонимијата на Балканот.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Се разбира, добар дел од она што им се случува на овие демонски суштества произлегува од хистеријата на контакт, но сепак им се случува нешто.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Наследството што ѝ го остави тој не беше големо, и добар дел од него Кети употреби за неговиот богат закоп, но сепак ѝ останаа доволно пари за да му купи камион на еден од своите зетови, за да си започне свој бизнис.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Јас и ден-денес мислам дека за сѐ што се случи и што не се случи меѓу мене и Луција сум виновен, во добар дел и јас.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Којзнае, можеби веруваше дека таа не прислушува па тој токму на ваков начин се трудеше да и го заджи вниманието.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност секогаш кога ќе проговореше со добар дел од зборовите беше свртен кон неа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Девијантниот секс можел да ѝ избега на патологијата преку нормативниот родов идентитет и родовиот стил: ниту конвенционално женствената жена која си дозволувала да ја задоволува некоја машкуданка ниту ороспиецот што се идентификувал како стрејт, а кој играл мажествена улога кога им се проституирал на обратни, женствени мажи, не подлежеле редовно на постојан лекарски надзор сѐ додека не поминал добар дел од дваесеттиот век.48
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
121. Најубедлив пример за тоа беа добар дел од членовите на МНЛД што имаа или српско или пак и српско и бугарско образование и воспитание: Мисирков, Чуповски, Константинович, Русуленчич, Петковски, Антонович, Ничота, Мишајков, Дедов, Џолевски, Николовски и др.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бидејќи седумдесетите и во добар дел шеесетите веќе ги апсолвирале, едните одат уште подлабоко, кон откривањето на базичниот фолц и country, а другите прават невидена синтеза со новокомпонираната country сцена.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ми се чини дека би можело да се каже дека хипертекстот и хиперлитературата во добар дел се токму практично остварување на постмодернистичките теориски разгледувања, што, патем речено, до сега, освен ретки исклучоци, беше само желба а не и стварност.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во Европа поминува добар дел од својот живот (од 1914–1921 живее во Швајцарија, а последните неколку години ги поминува во Женева и таму умира).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Прогласен е за почесен доктор на повеќе универзитети.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се сретнале на тесно, помеѓу плитарски ѕид и стара кола, која затворала добар дел од уличката -Кара-Демир на патерици, Констстин со пес на јаже кој му помагал да не го згреши патот од куќата до крчмата и назад. Застанале.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Со кучињата поминав добар дел од животот, свикнав на нивната ќуд...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ме бараш помеѓу страниците, а еден добар дел од мене сѐ уште е … во пенкалото.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
„Нема што, ќе се држат опсадени дури не изумрат внатре за јадење – констатираа беглербегот и кадијата и решија да распуштат добар дел од дружината, бидејќи за сите немаше работа околу една тврдина од 300-400 метра и две-три-стотини вооружени луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Адаптирањето мислам дека веќе беше завршено, стравот дека не ќе можам да се носам со градските деца како никогаш и да го немало во мене, особено кога дознав дека еден добар дел во класот се исто така дојдени од други места, од внатрешноста на земјата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тоа второ патување од Гаково до Скопје фиксирано е во Дневникот, а еден добар дел се наоѓа и во Плочата на животот, дека добро сме патувале ние неколкумина, дека приемниот поминал во најдобар ред и дека сме имале неколку убави денови на Вардар над Градската плажа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Таа веќе одамна носи добар дел од товарот на мајка си.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Машините веќе презедоа добар дел од сексуалниот живот - мислам, насекаде можеа да се најдат вибратори од сите видови - а сега, благодарение на касетофоните и полароидите, го презедоа и општествениот живот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Навистина обожувавме мебел - едноставно не можевме да поднесеме да изгубиме некој добар дел - затоа сите се согласивме дека Фред за овој подвиг заслужува медал.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Патуваат на илјадници женски јагули по осумгодишен престој во слаткиве води, кон излезот на Езерото, па преку реката, стигнуваат до Јадранското Море, се спасуваат од Балканот, па откако ќе минат добар дел од Средоземното Море излегуваат на Атлантскиот Океан.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
После току многу говор на кожата, разговори на перница, приказни и заеднички живот; после толку Sturm und Drang и забави и игри, нејзината нежност прави добар дел од неговата машкост, и обратно.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ако настојаував трезвено да ги разгледам сите поединости, а притоа да не се либам да отфрлам и некои оценки што можеа да предизвикаат спротивен ефект, сепак добар дел од забелешките не беа случајни и бесмислени.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Навистина знам дека оваа моја помисла симнува добар дел вина од однесувањето на писателот во минатото но ослободувањето не се однесува и на литературата!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
По спомнатата расправија, откако бев истерал добар дел од првиот сон, Катерина ме беше разбудила. Притоа се чинеше дека плаче.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не можела да заспие. Ѝ била потребна мојата љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Всушност оваа постапка на Грофот ме потсети на случајот со нашиот одговорен уредник, кога тој истрча од канцеларијата пред нас а ние петмината соработници се стрчавме по него и го протрчавме речиси половина град, вклучувајќи во оваа натпреварувачка патека и добар дел од главната улица за да втасаме барем во исто време кај компетентното лице во Реонскиот комитет за да ги изнесеме причините за неизвршената задача.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Здолништето, она што не ѝ досегаше на Катерина ниту до колената и од кое добар дел од нејзините нозе остануваше незгрижен од туѓите погледи, особено кога ќе седнеше, го немаше виснато на ниту еден од потпирачите на столовите ниту пак на кваките од прозорците.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Оној кој е подбркан од судбината, независно од тоа кој пат ќе го искористи за да исчезне, не може да се ослободи од прогонувачот, постојано ќе го чувствува неговиот здив на вратот, дури и тогаш кога тој прогон ќе го прогласи и за проклетство што којзнае како му се присламчило па во чекор го следи, барем така го чувствува лично тој иако знае дека помеѓу него и прогонувачот се протега добар дел од пуста и неосветлена улица.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Се усложнуваат и моите одговорности, потоа одговорностите на мојата служба, а еден добар дел од сенката на оваа непријатност паѓа и врз носителот на иницијативата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Некој ќе нѐ подлаже: Ете, онаму, зад шумава, има од вашите, а оттаму, одзад шумата ќе нè дочекаат Црвените. И тоа со вкрстен оган!“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но за таков чекор не сум спремна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Ете, помина со рамнодушност низ мојата лутина“, си реков.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Поминав во изминатата војна еден добар дел од Русија и од Украина качен на коњ!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
За да ти поверувам тебе и на твоите тврдења, еден добар дел од својот живот и од животот на татко ти ќе треба да го отпишам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Од нив се состои добар дел од дистинктивниот вокабулар на деконструкцијата: supplement, hymen, parergon, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Покажувањето на овој начин дека еден текст е самореферентно неконзистентен, се разбира, е мошне традиционална форма на критика.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Концептите се изразуваат со зборови што се јавуваат во оригиналниот текст, но тие добиваат целосно ново значење.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Преведува добар дел од нашата кореспонденција.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Хенри го сфати тоа, но добар дел од луѓето едноставно би престанале да те почитуваат, бидејќи за нив големината на некој сликар лежеше во неговата мистичност. (...) Хенри можеше да го сфати мојот стил на сликање, а и самиот беше Поп.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Главниот предмет беше латински, и јас наскоро открив дека другите предмети можат малку и да се занемарат доколку латинскиот ви е добар... живеевме во еден стан во јужниот, односно во стариот дел на градот”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бидејќи го зборувал јазикот на таа област, Гарсиласо е во состојба да доведе во прашање добар дел од она што тие историчари го напишале, но тој тоа го прави секогаш инсистирајќи на секундарноста на своето дело.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На неговите текстови им претходат текстовите на шпанските историчари, усмената историја на Инките која му ја обелоденил еден од вујковците (замена за татко), христијанската историја, за која тој тврди дека во својот судбински облик го вклучува Перу.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во моето одделение бевме четириесетина; добар дел од нив беа странци.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дерида се осмелил да укаже, на сложен начин изложен овде, дека Борхес е еден од неговите извори; дека претставникот на скорешна, маргинална литература се наоѓа внатре средишната традиција, нагризувајќи ја, а пак и правејќи ја можна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Марија и јас шетавме низ тој дел од градот, и таа ми ја покажа новата зграда во Улицата на Фердинанд Ходлер, во бројот 17, подигната откако старата зграда, во која биле Борхес и неговите, била урната.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но споменот на тие години во женева времето и заборавот не ги беа уништиле, ни од далеку, туку беше жив во Борхесовото паметење, па дури стана и драга област на втората татковина.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бидејќи го зборувал јазикот на таа област, Гарсиласо е во состојба да доведе во прашање добар дел од она што тие историчари го напишале, но тој тоа го прави секогаш инсистирајќи на секундарноста на своето дело.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ноќта добар дел од патот го има поминато, утре треба рано да се станува, веќе не е малтерџијка, скелињата по кои со една друга жена го качуваа тезгерето со малтер се расковани, зградата веќе има друго, бело лице наспроти црнината што бегалците ја таат во градите, и, за среќа, веќе има работа не во стопанството, туку еве сосема блиско, во фабриката.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Да, навистина, ако не личи на некоја од мајките кои денеска беа во дворот на училиштето, тогаш сигурно има еден добар дел од душевноста на учителката од Долнени, си помислува Пелагија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тие пари биле давани главно од македонската емиграција за помагање на револуционерната организација во Македонија и добар дел од нив се трошеле за тоа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Благодарејќи на брзото реагирање на МРО и сфаќањето на добар дел од заблуденото население дека е изиграно, врховистите не успеале да го прошират пожарот на поголеми пространства.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тогаш Велес станал центар откаде што по реката Вардар до Солун се транспортирале стоки од еден добар дел на Североисточна Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)