добар (прид.) - утро (имн.)

Пред врата силуваното комшиско: Добро утро. (Како ли ќе ги поздравам на враќање?) Колата беше паркирана под газот на татко ми.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Растргнат од многубројните неуспешни обиди да направи слика, сликарот сега првпат осети нејасна радост од средбата со онаа непозната мома, која секое утро поминуваше со својот сад, му пожелуваше добро утро како на стар познајник и си одеше пак нагоре тихо, незабележано...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Колку многу копнеел тој само за едно „добро утро“ од својот сосед Владо директорот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Добро утро, - подвикна уште од вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добро утро Добро утро, дете мое мало, ајде стани, љубов моја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Добро утро, утро, добро утро, добро утро...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеше да е и вечер, полноќ, сеедно, за него беше само добро утро.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но тогаш, во таа ноќ, на Отец Симеон уште ангели му пееја над глава. „Добро утро“, се насмевна човекот, Отец Симеон се сврте кон него и го остави адвентистот да избега, да го однесе со себе своето ненадејно штукање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
— Сполај богу, ете арни сме, си седиме и се спремаме за нова работа, — одговори Бино и не се зачуди кога Доста рече „добро утро" бидејќи знаеше дека таа е шетана жена и ги знае сите редишта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добро утро, Стоане, товари ли дрва? — го поздрави Крсте, иако беше ред Стојан да поздрави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добро утро, бре шмеќар! — се нашегува Стојан со него — каде си тргнал вака со вујка ти?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добро утро, браче Бино! — Дал ти бог добро, невесто Досто! — Шо правите, шо чините?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така со „добро утро" со „живот со здравје", со „аирлија, амин", си дојдоа каде „Волча жила".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та дури и светците ги разделија на Грци и Бугари и затоа Трајко Чало од Витолишча, кога вршеше крај мелничкиот манастир, му велеше „добро утро, свети Илија", а кога врвеше крај село Манастир и велеше „Калимера, Богородице" оти Мелница беше „бугарско", а Село Манастир „грчко" село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ТЕОДОС: Хм, хм... (Ја свртува главата на другата страна.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТОМЧЕ: Ништо, тетка Ефке.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО, ТЕОДОС, И СТОЈАНКА СТОЈАНКА: (Доаѓа со стомна на бунар. Поздравува срамежливо, но убаво.) Добро утро.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СТОЈАНКА: (Сентиментална е и силно заљубена, како и Томче, но, чувстаувајќи се навредена и загрозена, западнала во моментна настројба на огорченост, зајадливост и жестокост, во држење кое се поклопува со некакво инстинктивно женско тактизирање и уценување, иако по природа е непосредна, искрена и кротка девојка.) Добро утро...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Низ нејзините дебели стакла, точките од очи гледаа нагоре, а јазикот ѝ ја оближуваше месестата уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога Ѓорѓија ќе влезеше во кујната, таа ќе се свртеше, не поздравувајќи се за добро утро и ќе почнеше да зборува како тој претходниот ден заборавил да купи јаболка, па како таа утрово немала со што да се заблажи или како Ѓорѓија не го исклучил светлото од ходникот и тоа горело цела ноќ - па, знаеш ли ти колкава сметка плаќаме за струја? - ќе се побунеше, заборавајќи кој ги плаќа сметките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Добро утро! - насмеано ми одврати мајката, - Што ќе готвиме денес?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Обично бабите од населба си пиеја кафе една кај друга, но бабите на Дора и Ане само љубезно си велеа „добар ден“ или „добро утро“ кога врвот од главите ќе им се ѕирнеше од зад живата ограда што ги делеше нивните дворови додека ги простираа чергите или ги полеваа цвеќињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Влегов во собата и реков добро утро.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
СТЕВО: Добро утро, господине Сивиќ. Може ли да влезам за момент?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ни добро утро, ни лека ноќ. А бе Марк, како ми помина првиов ден од слободава, да можам да ти кажам, да можеш да ме раабереш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Влегува Велков.) ВЕЛКОВ: Добро утро ефенди Кајмакам. Уште сте овде. Ве барав во уќуматот. Ве чекаат многу луѓе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Да го продолжиме овој наш разговор со четири песнички за поздравувањето: ДОБРО УТРО - Доброутро, здрави биле! - поздравува славеј пиле.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Убавото поздравување е начин да бидеме поблиски едни со други, подобри, почовечни, па затоа, добри мои читатели, сѐ да сториме та насекаде и секогаш да се слуша: ДОБРИ ЛУЃЕ - ДОБРО УТРО, ДОБАР ДЕН, ДОБРОВЕЧЕР!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Цуцул пасе говеда покрај река Ситница поминала лисица: - Добро утро Цуцуле. - Дал бог добро Лисице.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со опинци и бели објала испрекрстено опашани со ремење, со пиштоли на појас и со реденици фишеци на крстот ставени преку градите, со брада до појас, обраснат, со каплак на главата, со пушка во левата рака и со гуна преку рамената. – Добро утро, добри луѓе- рече тој гласно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сега, откако дедо Најдо со поттргнување на катинарот се увери дека добро заклучил, се осигури дека добро го држи бастунот и се сврте да тргне кон сретселото „Добро утро, дедо Најдо“, му рече авторот подвикнувајќи. „Или добар ден“, се коригира.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)