На немилата ситуација, да не должам понатаму, ќе ѝ ставиме крај со вкупниот откуп за нивната слобода, што успеав да го издејствувам пред воените власти”, полн со ентузијазам им објаснува д-р Мертен на соговорниците од Координациониот управен одбор и претседателот на солунската еврејска заедницата Сабетај Салтиел.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Ќе те пуштат,“ ѝ велеше Клара, со истиот доверлив тон во гласот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Финансиски, господине Салтиел”, му соопштува со доверлив тон Максимилијан Мертен и погледнува во подофицерот Мајснер, еден левантски Германец кој грчкиот јазик го зборува како вистински фанариот, интелигентен и способен, без одвишна емоција, во кој стекна таква доверба што напати го доживуваше како сопствено второ јас.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Навистина ќе ме пуштат,“ и тоа го повторуваше како некоја утеха – како кога дете повторува некоја лага не за да поверува во неа по постојаното повторување, туку за да не мисли на вистината. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Колку и да го охрабруваше доверливиот тон на другарот Чапаев, тој знаеше дека треба да мине и низ партиско-судското чистилиште, до неговиот избор за социјалистички судија. ѝ се препушти на судбината.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)