долг (прид.) - голтка (имн.)

При сѐ што цело време зборуваше, Живко брзаше да го домака червишот од ширденот пред да му се залои, потиснувајќи ги недоџваканите залаци со долги голтки од виното што режеше како расолница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Геро го надигна бинлакот не со двете раце ами само со лактот од едната и не вкуси на јазикот туку подигна долга голтка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога ќе види дека тапата не се вади, удира со грлото од шишето од масата, го крши, тура и со долги голтки, жедно пие.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Откако ја изнакажа целата оваа реченица и пол, Ане го дигна бинлакот и натегна од него завидливо долга голтка - дали да го омекне исушеното грло, дали да го овлажи скоравениот јазик или просто да земе здив пред да се врати на својата природа на молчење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)