долг (прид.) - период (имн.)

Високата категорија останувала долги периоди безбедно на власт, но порано или подоцна секогаш настапувал момент во кој таа или ја губела вербата во себе, или својата способност да владее ефикасно, или и едното и другото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога е потребно, тие можат да бидат наведени на бес од страв или од омраза, но препуштени сами на себе тие се во состојба за долг период да заборават дека војната воопшто се случува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На Татко посебен впечаток му направи тврдењето на Камилски во тезата дека детето е реплика за инстинктите и сетилата формирани во долги периоди од развојот на човештвото, при што ја развиваше тезата за еволуцијата на индивидуализмот во развиените општества.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред некој ден, го нахранив моето љубопитство со податок што зборува дека: „Секојдневните проблеми, притисоците на работа, долгиот период на транзицијата, Македонците, наместо со психијатар, го решаваат со Дијазепам“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Потребен е долг период да секој си ги најде своите гранапчиња, кооперации, јемиши, мешпајзи и зарзавати.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Иако периодот на секое вработување на определено време не е изречно определено, може да се заклучи дека не би требало да трае долг период – односно, само по исклучок, би можело да надмине една година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога се обидувам да ги актуализирам сознанијата од записите за кои станува збор, нагласи професорот, всушност само укажувам на внимателно документираните наоди за една појава што мојот монах ја следел през еден прилично долг период, изгледа подолг и од пет- шест десетолетија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Постојат долги периоди на разбирање меѓу разни­те народи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во нејзиниот ракопис, според моделите на францускиот краснопис, кој со векови се учи во училиштата во Франција, се криеше времето на учењето кај лазаристите, во Солун, се криеја новите настани, кога Мајка го штитеше својот ракопис во долгите периоди на нешколување, соочена со големото семејно бреме, да нѐ одгледа, да нѐ исчува, да нѐ спасува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа, кога по сите оние операции што малку погоре ви ги наспоменав ќе се најдев во станот, почнуваше еден мошне долг период на темна будност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)