Го допираше внимателно секој документ од сиџилите со своите долги прсти, како со пинцета, работејќи во најнеобичната балканска алхемиска лабораторија на идеи, во потрага по исчезнатото време.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој ги истражи долгите прсти, убаво формираните нокти, дланката отврдната од работа со редица плуски, нежната кожа над глуждот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Полека, за изненадувањето и неизвесноста да траат подолго, Ивона полека со своите тенки долги прсти ја одврзуваше црвената панделка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ги давеа мислите за долгите прсти на Отец Симеон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тоа беше сува, но цврста рака, со долги прсти на чии рабови имаше перчиња влакна побелени од сонцето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој, пак, секогаш стоеше до Ружди и внимателно набљудуваше како сечилото се лизга нагоре-надолу додека тој со елегантни движења на долгите прсти го вртеше по малку од едната и од другата страна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Типките на пијаното се лепат за неговите долги прсти на неостварен хирург и нивното отежнато довикување ме воведува во Центарот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Не чини. Не со нож. Подобро би било да му го стисне грлото со своите долги прсти.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Го зеде кученцето, седна на тревата и со своите нежни долги прсти почна да го чисти кученцето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Стој, рикна Кузман. Се наведна и ги збуца долгите прсти во меката земја.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Иако долгите прсти немирно му се тресеа, тој се трудеше да биде спокоен и весел. Дури и се смеуреше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Не одговорив. Гледав со раширени очи во шареното книже што го туткаше со долгите прсти.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Или Пенчо во кралската облека, со пергамент во долгите прсти.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој срипа и ја удри по лицето со тие негови долги прсти.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
По поттурнувањето на вратата за да влезе, сега, додека стоеше зад Жолтко, мокрите долги прсти на жената одвај забележливо се движеа кон неговите рамиња.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)