долг (прид.) - сеќавање (имн.)

А потоа си заминува а мршата ја остава во собата. За долго сеќавање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На времето во Хавана и ноќите побелуваа од белиот рум во „Бодегита дел медиа“ и наутро не можевме да се изначудиме каков чудак бил тој Хемингвеј штом кучињата си погребал како луѓе во дворот на куќата кај Хавана од каде пак, ако го опули морето, секој си понесува (за спомен и долго сеќавање) макар едно бранче од приказната за старецот и морето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И ќе го сочував ли, ако не беше љубезното момче, тој убав пролетен ден во Прага за спомен и за долго сеќавање?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Најнакрај ќе завршиш на некоја тезга за сувенири, за спомен и долго сеќавање и ќе ги убедуваш шкртите минувачи дека не си уличарка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Задоволни се од другарувањето со другарчињата од другите градови, а и чистиот планински воздух и сонцето ќе им останат во долго сеќавање.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)