Како што спомнавме, динамитните бомби што гемиџиите ги фрлале по кафеаните биле направени со долг фитил, за да им се даде можност на гостите благовремено да го напуштат локалот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Според Симеонов (и Силјанов), Орце, откако го запалил долгиот фитил, избегал од бакалницата и истрчал кон вториот кат на Банката, каде што живееле директорот со своето семејство, за да го предупреди веднаш да ја напушти зградата, бидејќи таа по пет минути ќе биде дигната во воздух.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)