Очите му беа запачени и матни, на долните клепки висеа ситни капки роса.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На Трајка му заигра долната клепка од десното око што тој си го протолкува како знак за несреќа и уште толку се наежи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Горните и долните клепки му се составија и ја собраа кожата на крај очи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Трепкаше збунето и како да се извинува, на птиќји начин - со долните клепки нагоре.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
При царцката живот и сила никој напреку не може да ти се опуле, не да те дере.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)