Гуштерицата сега беше подадена со двете предн нозе од долниот раб на карпата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Првин, чувствувам, ми се намовнуваат рамената, па задниот дел на вратот и долниот раб на косиштето, дури потоа блеснува помислата: Па, двајца се! Кој е вистинскиот?...
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во третиот ден, кога снегот стигна до долниот раб на пенџерата, таа ја напиша и првата реченица во белиот лист.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ја погали, со треперлива рака, Руса по лицето и дури откако ја прекрсти со врвот од ножот што го сокриваше во ракавот на левата, од долниот раб на нејзиното лево око преку усните, меки и набабрени, до коренот на брадата направи секотина; веднаш потоа направи уште една таква на другиот образ и на истото место.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Неколку стотини метри право надолу од спилите, одејќи по разгазено патче, низ шумата, на нејзиниот долен раб, двајсетина метри десно од Латинска Црква, се најдува Кладенец, лесна студена и лековита, од уроци, вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Белата капа од главата на Водно се зголеми, некој невидлив ѝ наддаваше петли на долните рабови и растејќи слегуваше сѐ подолу и подолу додека најпосле не се претвори во бело платно што едно утро го открија врз покривите на куќите и врз калта на улиците.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Буицата, покрај тврдината, ги уништила и ковачките, валавничарските и кожарските работилници подигнати на бреговите на долот, по оттука и името на средниот дел на Голема Вода, на оној од газилото па до долниот раб на шумата на Градишки Рид: Коачки Дол, Кочов Дол, односно Ковачки, односно Ковачов Дол.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Киоскот кој им овозможуваше да преживуваат, а на Хана, постарата сестра и помладиот брат, и да сонуваат, продаваше избор од весници и колорирани списанија, тутун од кој најдобро се печалеше и карт-постали со бледо виражирани згради, градски покриви, пристанишни објекти и крајбрежни морски мотиви од околината, на чии горни или долни рабови на полски и на германски пишуваше: „Спомен од Гдањск/Сувенир од Данциг”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)