А, пак, конкретниот избор од пријавените кандидати за помирувачи и арбитри го врши Комисија, чиј состав, исто така, е законски уреден. 27 ако меѓу странките во индивидуалниот спор тече судска постапка од иста фактичка и правна основа – страните се должни на судот, заеднички, да му поднесат барање за прекин на постапката (чл. 29, ЗМРРС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот е должен на најбројниот репрезентативен синдикат да му обезбеди просторни услови за вршење на дејноста; а исто така е должен – на синдикатите и нивните претставници – да им овозможи навремено и успешно остварување на правата како и пристап до податоците важни за нивно оствару- вање (чл. 199, ст. 4-5 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Изборот на помирувачи и арбитри се врши по пат на јавен оглас, кој го објавува новосоздадениот државен „квазисудски“ [управен или судски!?] орган – Републички совет, на чие чело стои директор, именуван од Владата на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2. Во поглед, пак, на работната книшка, со донесувањето на ЗРО (1993) се избришаа две мошне добри одредби: прво – веќе не се предвидуваше изречната забрана дека во работната книшка не е дозволено да се внесуваат негативни податоци за работникот (чл. 49, ЗРО/90); и, второ – беше избришана одредбата која предвидуваше дека, при предавањето на работната книшка на работодавецот, овој е должен на работникот да му издаде писмена потврда за приемот (чл. 50, ЗРО/90) – што подоцна, во праксата, се покажа како плодна почва за разни манипулации и уцени врз работниците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)