Покрај одредбите од овие закони, од септември 2014 година, дополнителни одредби за остварувањето на правото на штрајк на вработените во основното и средното образование се пропишани и во Законот за основно образование и Законот за средно образование.135 Овие два закони претходно не содржеа одредби кои го регулираа штрајкот,136 а беа внесени како дел од стратегијата на Владата на РМ да го спречи најавениот штрајк во образованието од страна на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). 134 Закон за здравствената заштита, Сл. весник на РМ, 38/91, 46/93, 55/95, 10/2004, 84/2005, 111/2005, 65/2006, 5/2007, 77/2008, 67/2009, 88/10, 44/11 и 53/11.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
ЗАКОН ЗА СУДСКА СЛУЖБА Во 2008 година беше донесен првиот Закон за судска служба, кој во 2014 година беше заменет со нов.140 Овие закони содржат дополнителни одредби за правото на штрајк на вработените во судската служба и на припадниците на судската полиција.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)