За јавна почит е и тоа што судечкиот судија in concreto директно ги примени и следниве меѓународни правни извори: Европската социјална повелба (1961), Дополнителниот протокол (1998) и Конвенцијата бр. 897 за синдикалните слободи и заштита на синдикалните права.6 Незаконитите решенија и одлуки на органите на МЖ беа поништени, а претпријатието беше задолжено да го врати Ристески и неговите соработници на нивните дотогашни работни места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Целта на Судот е да се обезбеди почитување на обврските од Конвенцијата и нејзините дополнителни протоколи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Повеќе за малициозното ограничување на ова уставно право на работниците, но и за успешните приказни од штрајкувачките искуства во РМ види ја студијата Штрајк – искуства и состојби [уредник: Здравко Савески]; ДСП „Ленка“; Скопје, 2011. 4. Работодавачот, почнувајќи со исплатата на платите за јануари 2009, утврденото право на нето-плата за декември 2008-та го зголе- мува за износот на: пресметаниот данок од плата, задолжителните социјални придонеси, согласно со пропишаните законски стапки и за износот на трошоците поврзани со работа по основа на исхрана за време на работа и превоз до и од работа, пресметани согласно со закон, колективен договор и договор за вработување (нов т.е. изменет чл.3, ст.1 од ЗИП). 97 5. Европскиот суд за човекови права е постојан суд основан од страна на државите – договорни страни на Европска конвенција за заштита на човековите права и основните слободи [оваа Конвенција нашата земја ја има ратификувано во 1997-та].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)