Едни заминуваа кон Америка, а други кон Азија...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Обајцата како да имаа по едно скршено крило, во пресилните летови на нивните илузии, едниот кон Исток, а другиот кон Запад.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И Татко и Камилски како да имаа по едно скршено крило, во пресилните летови на нивните илузии, прелетувајќи ги балканските граници, едниот кон Исток, другиот кон Запад.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Почувствува како некоја внатрешна сила ја влече за раце, едната кон југот, другата кон северот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Депа му викаше: ”Со таквите твои совети, ќе направиш од детето ни вода, ни киселина; ќе го направиш рогливо: со едното око да гледа кон тебе, а со другото кон нас; со едното уше да е свртено кон тебе, а со другото кон нас”.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
ТАА Умна, таа мислата остра к'о тупаница пркосно ја стега А кршлива, ровка со едното око сега во себе, со другото кон надвор гледа Тивка к'о снегулка, чека ли, чека.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Срипаа и мажите, едни кон ридот, други кон реката.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Му ги покажа со поткревање на главата двата прозорци на аголот над авлијата, едниот што гледаше кон улицата и другиот кон дворот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мал знак на внимание кон наделеку познатата госпоѓа Петра“ „Со ништо не сум ве задолжила“, рече Петра поклопувајќи го со едната рака кесето со кафе и подавајќи ја другата кон шишето вињак, како да е готова да ги турне назад кон него и без проблем да ги тргне кон себе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Наспроти светлите соби што гледаа едни кон езерото, а други кон планината, ходниците беа мрачни колку и да беа осветлени, колку и да беа нивните камени ѕидови обложени со лакирано дрво.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Некои, постарите, прибегнуваа кон метафизичкиот одговор: виновна ни беше судбината, Балканот е проклет, судирите во него се неизбежни, судирите на етнички, верски, цивилизациски план, а други кон дијалектичкиот одговор: зарем судбината нема свое име, зарем не е алиби да се избегне одговорноста, зарем противречностите не се помируваат, зарем хармонијата на разликите не е дефинитивната разврска?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Секоја генерација беше во извесна смисла повторувач во балканската историја, осудена сизифовски на нов почеток, постојано со атавистичкото прашање кој беше виновен!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Затоа се обидував да бидам колку што е можно повеќе тивок, а кога ќе почувствував дека нема да можам да се исконтролирам ја пуштав водата од тушот да тече во кадата и така да го подзатскрива мојот звук.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Видов дека и другите се по влечки, па чекав проблемот сам да се разреши додека сите тргнавме еден по друг кон вратата од која дента мистериозно исчезнуваа и се појавуваа моите братучеди носејќи тенџериња и садови.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Првите појдоа кон Европа и Америка, а другите кон Балканот и Азија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Бевме дојдени крај овие извори, по големата битка на живот и смрт, по големата делба, кога едните од семејството, од народот, заминаа преку морето, а другите кон копното.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)