Тие биле блиски, свртени едни кон други, проникнати едни во други низ разните јазици, различната култура, различните кујни, обичаи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Како и обично, Винстон одвај погледна во Џулија додека одеа во пресрет еден на друг низ толпата, но при брзиот поглед што го фрли врз нејзиното лице, му се стори дека е побледо од обично.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Двајцата Митреви другари го налегнаа едниот Гана, а Митре се одвалка со другиот низ стрмната клисура, преграбени преку гради еден со друг, и така како трупје удрија во една стена и застанаа Бугаринот здола, Србинот врз него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Според него било предвидено да се изврши пробив со две оперативни групи во големина на бригада предводена од воено и политичко раководство од највисоките форуми: со едната група во Централна, а со другата низ Источна Македонија, а една група да остане во реонот на Кожув и да дејствува во Тиквешијата и на десниот брег на реката Вардар јужно од Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)