Братучедите се свртеа еден кон друг, со накривнати глави се подзагледаа се вртеа сѐ додека не ги слепија рамениците свртени со грбовите кон војниците па заодија така стегнати еден во друг надолу по патот како некогаш кога беа деца.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ги поткреваше бузите, тенки и остри, едната нагоре, другата надолу, и ги покажуваше забите како куче готово да касне.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Платениците Турци од Ресна му беа наместиле заседа на Раскрст, онде каде што се делат двата пата, едниот за нагоре в село, а другиот надолу.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нѐ дочекаа ни да експлодираат сите бомби, се назагнаа кон збунетите војници, кои препалени од настанот летнаа еден преку друг надолу и се изгубија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гората екна од грмежите на бомбите, а доловите го презедоа татнежот и секој за себе го повтори.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)