Со тоа, ако не се декларирате како народен уметник вие автоматски станувате болшевик и марксист, а штом сте тоа, вие немате духовен свет, не ја сакате татковината (многу години подоцна, откако заминав слушав сѐ уште коментари дека сум заминал затоа што не сум бил никаков патриот!), немате однос кон историјата и редовно имате руина од семејство.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На тој начин ти се чистиш. Ја одржуваш сопствената рамнотежа помеѓу материјалниот и духовниот свет – објасни старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И потем направи една подолга драмска пауза, зазеде една особено смешна, надуена поза и продолжи: „Марксистичката револуција го разурна целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ќе се послужам со цитат од приредбата, на која една наша соученичка рече: „Марксистичката револуција го разурнува целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)