европски (прид.) - држава (имн.)

Но таквото соединување не ќе го допуштат ни малите балкански, ни големите европски држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако имавме ние морално право да бараме од претставниците на европските држави во Македонија точно и непристрасно да ги осветлуваат своите влади и европското општествено мнение за работите во Македонија, тогаш наш морален долг беше да сме и ние осветлени за европските интереси во нашата татковина, особено за интересите на балканските државици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За нашите односи кон Турците јас можам да речам само едно: ние сме задолжени да направиме сѐ што се бара од нас за да ѝ докажеме на Турција оти нејзиното останување како европска држава среќава во нас полно сочувство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа, меѓу европските држави постоеле многу нерешени прашања: територијални, политички, економски, социјални, национални, етнички и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во овој период земјите од Европа на меѓународен план склучувале меѓусебни договори едни со други и едни против други, едните да се заштитат од агресија, а другите со заеднички сили да ги остварат своите освојувачки цели.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тој, откако ни опиша како се расположени европските држави, рече дека најмногу пречат на нашите работи Русија и Австрија, иако се најзаинтересирани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во тоа време многу се пишувало и зборувало за Боксерското востание во Кина: за грабежите и експлоатацијата на кои било изложено кинеското население, за неговиот отпор против европските држави што го угнетувале кинескиот народ и за жестокостите што тие ги вршеле при задушувањето на востанието. 20
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Набрзо уследил падот на Франција и на другите европски држави, а британските аналитичари биле сосема во право, имајќи го предвид воениот потенцијал на Велика Британија, дека имало "малку надеж оти сега некако ќе можеме да влијаеме на балканските услови".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сигурно дека окупацијата на поголемиот дел од Западна Европа дефетистички повлијаела врз балканските држави, кои во тој момент биле надвор од "Новиот поредок".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Од онаму слегуваа шефовите на државите, а тука каде што сме ние сега, беа нашите останати поканети, преживеани логораши, нивни потомци, претставници на еврејските заедници од Америка и речиси од сите европски држави, нивните семејства.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Колку млади генерации од спротивставените патриотизми на европските држави- нации гинеа на европските воени боишта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)