Од Софија телеграфираат оти тамошниот воен министер зел од офицери на разни европски и американски држави предлог да се примат тие во бугарската армија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
112. Работењето на Србите не остана без резултати при решавањето на македонското прашање. Србите со своите училишта во Македонија успеаја да создадат илузија во европското и во руското јавно мислење дека има Срби во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Евразија ја сочинуваат северните делови на европската и на азиската копнена маса, од Португалија до Беринговиот Теснец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа што го бараа надреалистите, во откривањето на новата моќ кај источните народи, Аполинер, како признат предвесник на францускиот надреализам, потоа на другите авангардни померувања на духовните потраги, го откриваше во комплексните заложби, во сложената личност, во потрагите на Фаик Коница во европското и балканското минато, во енигмите на јазикот, како резиме на човековото живеење во времето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На универзитетот Wesleyan на американските студенти им предавав средно европски и источноевропски роман на англиски јазик, не знаејќи всушност што би требало да е Средна, ниту што е Источна Европа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Според британските анализи, контролата на Протоците од земја блиска на СССР би "било рамно на физичко контролирање" од негова страна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште повеќе се плашеле од опасноста СССР да ги поддржи нивните "експанзионистички аспирации", не исклучувајќи ја можноста идната јужнословенска федерација да го добие Солунското пристаниште како отскочна штица за натамошната советска експанзија кон Турција, што можело како последица да го има елиминирањето на Турција како европска и балканска сила.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
„Овие европски и американски уметници ја создаваа историјата”, вели главниот куратор Yaguchi.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)