еден (прид.) - бран (имн.)

На времето во Хавана и ноќите побелуваа од белиот рум во „Бодегита дел медиа“ и наутро не можевме да се изначудиме каков чудак бил тој Хемингвеј штом кучињата си погребал како луѓе во дворот на куќата кај Хавана од каде пак, ако го опули морето, секој си понесува (за спомен и долго сеќавање) макар едно бранче од приказната за старецот и морето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Денот беше еден бесен налет заискрена белина, како бран, како еден бран од виделина, удрен во челото на онаа страна од планината, по чијшто грб се искачуваше тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)