еден (прид.) - име (имн.)

Еден е Господ. Само за некои има едно име, за други друго.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нунковците му клаваат едно име на кумчето за тоа со него да се разликува од другите луѓе, деца, жени, моми.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Влезе, поразговара и запиша во својот список едно име: Стојан Ванков, роден тогаш и тогаш, тоа и тоа, неженет и - доселен по војната од зад граница. „Благодарам“, рече кришум гледајќи кон касата, а тој, Ванков, имаше доверба во него и му говореше со асматично шушкање до душникот за сѐ - какви се цените на пазарот, кога бил најголемиот пожар во некој голем град, каква политика води Черчил.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)