Уште од дете, додека беше целокупен, Мице имаше голем мерак да стане свирач и затоа, секогаш кога за свадба или селска слава ќе дојдеа свирачи, се пикаше меѓу нив со по една клечка во секоја рака, застануваше пред виолинистот и ставајќи ја едната клечка фатена со левата рака под пазува наместо под брада и со другата заструтувајќи преку другата прачка, ги имитираше движењата на кеманџијата и заедно со него ја свиреше и ја пееше песната што свирачите ја свиреа и ја пееја.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Повремено му тргнува по рака да ја стави едната клечка под левата мишка и со другата да загуса како со гусало и да му ја рече: Три години свадба се спрема, Невестата чеиз нема...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)