Една жена излезе од дворот на градинката, водејќи за рака дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сепак, ќе стасаат порано до колипката и ќе го сочекаат Циганчето на една клупа со откорнат наслон.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Бидејќи клупите беа зафатени, требаше Крсте да седне во една со Нешка, но даскалот не беше уште „современ“ да кладе машко и женско во една клупа и тоа јабанџии, ами го скорна брата ѝ на Нешка, Стојана, го кладе таму Крстета, а Стојана го намести во првата до Нешка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Една клупа, или полица, доволно широка само колку да се седне на неа, се протегаше наоколу покрај ѕидовите, пресечена само со вратата и, на спротивната страна од вратата, со една клозетска школка без дрвена штица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон, мајка му и татко му си најдоа место на подот, а покрај нив на една клупа еден до друг седеа старец и старица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Седнавме на една клупа покрај оградата и ги гледавме децата кои си играа на лулашките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)