еден (прид.) - нога (имн.)

Како едната нога ќе ја откачам, така другата ми се зацапува уште подлабоко.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Децата се како кутрињата, штом им подотвориш врата, несигурно ја пуштаат едната нога, но веднаш потоа, влегуваат со другата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја завитка едната нога околу сајлата, со рацете цврсто се фати, и јас внимателно ја одвивав макарата надолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Првата на којашто наидов изгледаше дека е оклопена во Јапонија; скршена, со едната нога подвиткана под себе како метален колан; ненавиена.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се строиме пред вратата, а реденицата не личи на ништо: Васе свиркаи потскока на едната нога; Танас со парче огледало им ги засенува очите на девојчињата; Митре со стапче им ги вади капите на оние што се пред него; Калчо седи на прагот пред влезот, рошка низ торбето, па се чуди небаре нешто заборавил.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Аир ефендум, ошче за кумити сме ние старите. Не гледате, едната нога веќе ни е во гробот, — му се испушти на стариот Главчета кој ги беше фатил 99те и ѝ се надеваше на стотата, која сигурно ќе ја фатеше ако не беше пријателот Арслан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Остана да виси и пишти, но само со тоа „олеснение" — со нагоре глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Главче почна да се правда дека тој од дома не може да излезе, а камо ли кумитлак да брка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги најдоа и касапските ченгили на кои Колобан ги обесуваше закланите мрши за да го покажува убавото телешко и јагнешко месо и првин му го навреа едниот ченгил на поп Димитрија за жилата над петици и го оставија да виси со надолу глава обесен за едната нога; другиот му го закачија на Мисирлијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Застана со едната нога сосем малку подистурена напред, го зеде весникот в рака, го отвори и почна да чита.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нему едната нога веќе му беше на стапалото.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мајка ми беше куца, со едната нога нешто не беше во ред, а мораше по 25 дневно да се качува и симнува по едни скали што водеа горе во кујната.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ја спушти едната нога на подот и токму сакаше да пречекори со другата, нешто крцна во претсобјето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Застана со едната нога сосема малку подистурена напред, го зеде весникот в рака, го отвори и почна да чита.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нему едната нога веќе му беше на стапалото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Зарем сега кога со едната нога сме во рајот!?“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа ја префрли едната нога на другото негово колено и, не тргајќи го погледот од него, почна да ја исправа главата како да го прашува дали да му скокне во скутот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На едната нога имаше убава и нова чизма.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Таа толку брзо го изговори тоа, дури и Баждар се збуни и шмркајќи зад брадата се доближи до мене и се потпре со едната нога на ѕидот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Молчејќи одат еден до друг, меко се потпираат на едната нога и тврдо газат со другата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Седевме и гледавме кон улицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја изведував придржувајќи ја, таа одеше цупкајќи на едната нога, потпирајќи се на мене и на бастунот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако млад, речиси момче со фес и со јатаган во црвеномодриот појас, не бил брз - поткривнувал од стара рана од која понекогаш едната нога останува покуса.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стрелецот, не стасувајќи повторно да ја наполни пушката, се исправил од зад сипаничава карпа и потрчал кон недалечно дрво за чија гранка со узди бил врзан оседлан белец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Продолжувајќи да длаби по тие зборови, тој можеше да црвенее, мислејќи на оној ден, кога отстапи, оној ден, кога откажа да биде бригадир, кога ги тресна од земја документите за во Партијата, кога не откаса никаде ни збор за тоа, и кога довербата му остана откината, исто како што може експлозијата од некоја бомба да им ја однесе во војната на луѓето едната нога, или едната рака, и да ги остави сами без неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Била тоа една огромна мечка, нагазена и маѓепсана од тоа грубо ковачко железо, што го имаше наличено тука пред некоку дена токму тој: била згрпчена за едната нога меѓу запците на тоа 'рѓосано железо, вклештена тука за едната задна нога, а бидејќи оној знаел многу добро да ги мести стапиците, другиот крај од синџирот со неколку куклуши бил изапнат за едно кутнато стебло, кое позволувало малку и да се повлече по себе, но кое воопшто не попуштало.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малото полека го спуштив во водата и тоа преташе весело, а таа, со клатење налево - надесно, се преврте на грб и со едната нога го јавна овој нејзиниот, па се исплашив дека ќе му напукне бутна коска и им го подадов Барбариче... и, кога првата капка ја допре, таа веднаш го прострела со поглед и навежбаниот се исправи, го грабна детето и го свитка во бањарка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Остави ги алиштата, вели Јон, мамурливо, и собирај ја едната нога да куцаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Боцка тој, со едната нога, внатре. Со игли, со ножови, со сврдли боцка и врти. Магла ми спушта од очиве.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Леле, јас сирота, велам, како ќе куцам олку тешка, како ќе носам двајца на една нога.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едната нога му се држи само на ногавица. Ја сечат ногавицата, ја поттргнуваат и ногата му ја извлекуваат сосе алати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој со едната нога може и на трет да мисли, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не зашто му е едната нога покуса и не зашто е стар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со едната нога веќе бев на онаа страна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа година во средината на март, летото беше цапнало со едната нога.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја крева едната нога и прави скок.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
По некое време мачката полека ја пушти едната нога, па другата и почна кроце и претпазливо да чекори напред кон кучето гледајќи право во неговите очи и затегнувајќи го одвреме навреме телото како лак од стрела спремна во секој момент да скокне на кучето ако се обиде да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
После пак ми пророкуваше: едната нога ќе ми ја разнесе динамит, ушите ќе ги изгубам в битка со овчарски пес, љубоморен човек ќе ми го ископа бубрегот со нокти...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Тоа не е сѐ, - подвикна Тодор и заканувачки се загледа во Бојана, која во рацете врткаше зелено -маскирна кутија од дамското издание на цигарите Генерал и со едната нога беше тргната да излезе од канцеларијата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Постариот внук му се обраќа со плачни очи: - Изворите на нашите фантастични претстави за младоста избиваат токму во оној стадиум на животот кога годините ги разурнуваат развиените форми на апстракција и посредно расудување, Дедо, (во меѓувреме дедото мора да седне, зошто помалото внуче му ја отсечува едната нога до коленото), наивно е да веруваш дека твоите спомени ја чуваат младоста неизменета.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Едно чеволче, за едната нога на детскиот палјачо, една алка во непрекинлив синџир на постоењето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Едниот опинок му испадна, тој се наведна, го зеде во раце и така со едната нога бос продолжи да трча.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Толку добро што во тоа измарширање ја загубив дури и едната нога...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нашата војна со едната нога стапна на нивниот грклан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога лежев в болница осакатен од едната нога, до креветот ми застана еден мој братучед, и откако ме распраша за здравјето и ја исплакавме мојата нога, ми рече: - Е, сега браче, ќе дадеш мужде?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ај, мајката, - дувна со носот старешината Раде, се наведна над него и му помогна да се исправи на едната нога.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Отпосле се запрашав: и да стоев пркосно како цуцул до последната станица само на едната нога, ќе ги избришев ли како што се брише потта од челото, знаците на старост што момчето ги виде во моите очи?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Цупкаше од една нога на друга, облечена во црвени тренерки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој беше потежок за возење и не беше толку интересен, затоа што требаше да се затрчаш, да туркаш со едната нога и потоа тој малку ќе повозеше, ама не многу далеку.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На едната нога имаше трага од крв, веројатно од ударот врз плакарчето кога ја фрлив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа седнаа да јадат, но Ѓорѓија не можеше да престане да гледа во устата на Французинката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Иако телото ми беше слабо и изгладнето, нозете како да ми беа од олово и едвај ги подигнував од подот, обидувајќи се да истрчам низ влезната врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не било лесно на едни нозе двајца да изнесуваш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одбиј, одбиј! Кај да одбијам, на една нога стојам, се слуша. Одбиј на глупост!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Петре Даскалот сето време стоеше на вратата на даскалницата, накривнат поради тоа што едната нога му беше покуса, и изгледа многу внимаваше што се случува, но не се ни замеша.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И кога одам прво едната нога оди напред па другата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се виде дека сака да каже нешто важно па Шишман тоа го вознемири и исто така се премести од едната нога на другата и камчето во неговиот џеб пак тропна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Србин, онаков сув и висок, стоеше како светец, а Шишман се преместуваше од едната нога на другата постојано подметнувајќи го увото пред Србина како да чека овој нешто да му каже во доверба.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Аха, - рече фелдфебелот. Го засука мустаќот, се премести од едната нога на другата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ме оставија да се одморам а тие тројца се договараа како да ме извлечат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И најпосле ми дадоа инструкции, едната нога набрзина требаше да ја ставам врз косата страна на карпата, а со левата нога во лет тие да ме пречекаат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По неколкуте камени скалила се спуштаа на колк – прво полека, многу внимателно, едната нога па другата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Васко со неверица влезе во колата и со едната нога надвор, го стартува моторот втренчено гледајќи од зад кренатата хауба на моторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Поседете ако сакате“, му рече Петра доаѓајќи до неговата маса и потпирајќи се со левата рака врз навлаката на столот, веројатно да ја намали оптовареноста од едната нога.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)