еден (прид.) - парче (имн.)

Но тогаш мајка му запали едно парче свеќа и седнаа на подот да играат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На едно парче хартија беше отпечатен списокот на членовите на Шаховскиот комитет, меѓу кои припаѓаше и Сајм.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали контролата на Партијата над минатото е помалку силна, се прашуваше тој, затоа што едно парче доказ што не постои повеќе некогаш постоело ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Е, има!“ „Не, нема! Дома ги имам сите резултати појќе од две години на едно парче хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја израмни од едната страна отсечувајќи ја колку што може на крајот, ја посла на душемето, зеде едно парче за урнек од исечените и со него почна да мери и со ножот да бележи каде ќе ја расечува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа е нешто како чипот во компјутерот што е просто едно парче во кое нема ништо а сепак продуцира мисли, цифри, графикони, цртежи, со еден вид мислечки процес.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
СИМКА: (Вади од долапот леб и му намачкува едно парче со пекмез).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Кучињата чекаа пред вратата. Им фрли по едно парче, внимавајќи да не се степаат, тие ги голтнаа лакомо, речиси без задржување в уста и со широко отворени очи пак се испречија пред Бојана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Извади едно парче, го донесе над огништето, го исчисти од солта, па го исече на четири парчиња.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со Дора го чуваа специјално за да прават ориз.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
До тротоарот чучеше Ане со едно парче леб во раката и липаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ане фати едно парче стиропор, веќе кафен и измачкан од долгото стоење во подрумот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Борината догоре... - Запали уште едно парче борина! - заповеда мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)