еден (прид.) - страна (имн.)

Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета (чл. 121, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На едната страна беа децата од чивчиите, занаетчиите, бавчанџиите, и чифлигарите, кои живееја во Варош-маалото, а вториот “табур“ го сочинуваа децата од беговите, агите и чорбаџиите, кои живееја во Долното-маало.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На Раскрст се разделивме, тој замина дома на едната страна, јас на другата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Прашањето, кој е тој општествен субјект кој треба да ја финансира уметноста, едно е од идеолошките прашања на различните економски системи - на едната страна го имаме социјализмот и нему сличните кадешто општествениот стандард има примарно значење и е висок, а на другата е либерално капиталистичкиот во којшто единствено важен е приватниот стандард.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И не само со ова се влоши положбата на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама ќе ни го најдеш и Најда, а? му шепна Толе на ушето и застана на едната страна на магарето да го растоварат со дедот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Половината од едната страна, половината од другата, — си заклучи бимбашијата и така направи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, не заборавајте, нештата се грозни само од едната страна, зарем не?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Веслата длабоко ја зафатија водата, г’жвите скрцаа, чунот се заниша леко, се навали малку на едната страна и тргна побргу накај високата карпа со која газеше ридот во езерото, а зад која беше живописната рибарска населба - Канео...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од страните на леглото имаше две подебели штици, поправо од едната страна беше трупче сковано од две штици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се утврди максимално траење на постапката од 15 дена, а посредникот за овој временски интервал може да води заеднички или одвоени разговори со страните, како и во согласност со едната страна, на другата страна да и пренесе и достави предлог и ставови за одделни прашања.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Беа дошле до заклучок дека на светот му е потребен нов или подновен светски поредок, што од една страна ќе ги заштити човековите права и човековата околина, а од друга страна ќе ги спречи господарите на парите, монетарната стварност да ја претворат во катастрофална виртуелност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Решен е како публикација со две лица: од едната страна насловена како “opera”, поместени се повеќето репродукции на слики, скулптури, цртежи и соодветниот документарен материјал изложен на изложбата; а од другата - со наслов “vita”, снабдени сме со информации од животот на уметникот - од ден во ден - над 3600 одделни настани распоредени по астролошките знаци, насловен како “Ефимеридите на (или за) Дишан”, 1887- 1968, кои претставуваат извадок од едно исцрпно истражување спроведено последниве 18 години од страна на Џенифер Гог-Купер и Жак Камо.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како и изложбата, и каталогот е тематски организиран (наместо хронолошки).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од едната страна беше нацртана детелина со четири лисја, од другата коњска поткова.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Професорот молкна и ја накриви главата на едната страна. Наслушнуваше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Елементите, тоа е едната страна на таинственото животно тркало; умот и интелегенцијата, тие се другата страна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Од едната страна на масата седеа намрштениот Бертран и Изабел, а од другата јас и Патрик.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На едната страна Егејци, на другата Славо-македонци. Само затоа ли за да не бидат Македонци?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука се носеа политички и воени решенија и одлуки, тогаш тука беше мозокот на едната страна од војната.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние се викавме Бугари. Со тоа, од една страна, сакавме тоа име да ни послужи како центар околу кој ќе можеме сите да се згрупираме, без да бараме за таа цел некој друг, а можеби и сосем нов, од друга страна, ние мислевме оти вистина во соединувањето со Бугарите е нашата сила.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа организаторската работа, од една страна, е работа за еден човек што го претпочита привременото напрегнување на силите пред постојаниот упорен и мачен труд; од друга страна, таа е и неморална, зашто во неа човек не жртвува во полза на општеството, на народот свој или на човештината, а со народот прави опити за своите фантастични планови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Словените служеле кај Римјаните како робови и гладијатори, а кај тие робови и гладијатори најмногу се повторувал зборот „слав”, затоа тој збор фатил да означува, од една страна, човек што ги работи најтешките работи, т.е. роб, а бидејќи најмногу робови се земале од Словените, тогаш, од друга страна, Словените биле крстени од Римјаните со името „slavi“ коешто тие си го позајмија од нив и го преправија на СЛОВ-Е-НИ, т.е. Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа блискост на едно наречје се пројавува, од една страна, кон сите други македонски наречја во општите фонетски или звуковни, морфолошки или формени и лексички или зборовни особини; од друга страна, секое наречје е најблиско до неговите соседни наречја, имајќи со нив општи особини што се немаат во пооддалечените од него други наречја, и тоа западниот дел од наречјето е поблиско до неговиот западен сосед и со него тукуречи се слеваат, источниот до источниот итн. и така наречјата како да се врзани едно со друго како колцата во еден синџир.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од една страна, нѐ поддупуваа кон востание, од друга ние сме млад народ и се занесовме со еден незрел потфат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
69. Но тоа влијание му е нужно, ете зошто, од една страна нѐ уверува оти до кога ја има слободна Бугарија македонското прашање не е закопано, од друга страна, за да го оправда своето егоистичко поведение, сета вина за несреќите кај нас ја префрла на Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега останува да се реши дали тоа неутрално колце стои осамотено со одделна боја од другите колца или има и други колца со истата боја или со поблиска до неа отколку од една страна со централното македонско наречје, од друга со источнобугарското наречје или со српскиот јазик кај Вук Караџиќ, ќе видиме оти сите македонски наречја се поблиски до централното македонско, а не до централните наречја на другите јужни Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најпрвин треба да се каже оти по македонското прашање нема никаква разлика помеѓу погледите на руското општество и народот, од една страна, и владата, од друга, а има само разлика во степенот на интересот за него: општеството и народот многу помалку се интересираат од владата што се гледа од помоштите за Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој и на сегашните јужнословенски јазици не гледа како на три целини, точно разграничени, туку како на синџир дробни наречја што се слеваат едно во друго, како што влегуваат колцата во синџирот од една страна во едното соседно, а од друга страна – во другото соседно колце.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Такво сопоставување може да има помеѓу првата, т.е. теоријата за населувањето на Балканскиот Полуостров од јужни Словени формирани во две народности строго разграничени во етнографски и географски однос и постепеното изменување на етнографската карта на Балканскиот Полуостров, од една страна, и процесот на современото национално обособување на Македонија од друга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега ќе треба да одговориме на приговорот дека не умесно и е несвоевремено да ги одделуваме нашите интереси од општобугарските, зашто, од една страна, силата била во соединувањето, а од друга, Бугарија направила толку жртви за нашето ослободување и ќе направела и за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Претензиите на Србија и Бугарија, од една страна, ни покажаа оти само конкуренцијата на тие две држави нѐ остава да робуваме уште на неопределен рок; од друга – тие претензии ни ја потврдија и без тоа познатата вистина оти во цела Македонија има само една, а не неколку словенски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од една страна, беше така воспитана – да ги почитува и да ги промовира стандардите на демократското однесување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се насмевнала само со едната страна на лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чкртал со заби, го чуле. - Што е, што сакаш овде? прашал со гровтав глас и ѝ ги наслушнувал меките чекори, притаен, со претпазливост на вепар што свикнал на осаменост и на тишина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше шест сомуни од добриот леб, малку препечени и добро затворени во корките, како ореи, нив ги смести од едната страна на сандакот, во кој секогаш кога беа тука, ја чуваа храната, а по ова таму ги сместуваше и другите ситници што му ги имаше ставено во торбата Мара.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Без скршнување, расцепувајќи ја целината на снегот во една права линија, самјакот ја имаше пренасечено долината, префрлувајќи се од шумата од едната страна на Белата Долина, кон шумата од другата страна, оставајќи ја по себе оваа длабока трага, во која можеа да се распознаат и стапалките на неговите копита, големи колку на јунче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А грозна смрт ги зафаќаше; кравите, воловите, телињата, умираа од надуени меови, со кренати нозе како на гајда; од устите им течеше пена и недоџвакано зеленило; очите им беа испопулени, ишиклени; главите ги држеа свртени кон небото како да чекаа од него спас или навалени на едната страна како да се одмораат и спијат; опашките кренати и извалкани од лепешки; пред да умрат, испуштаат издишки, јачат како човек што тешки болки го притискаат; преткаат, клоцаат со нозете како од нешто да се бранат; ако се згодиш тука крај нив, те гледаат милозливо, те молат очекуваат од тебе спас;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само што бледосиното око ја кваси едната страна на лицето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти тргаш на едната страна, а тоа трга на другата. Делите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Снегот од една страна го топли, вели, а од другата му ја зема топлината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од една страна ѕида, од друга разѕидува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од едната страна пее Јон, од другата Дуко Вендија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред малку само трчавме еден кон друг: и од едната страна има наши луѓе и од другата страна има наши луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе запаѓам на една страна, па после на друга страна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ги наредев потилје, само на една страна свртени да спијат, ќе ги изброев и ќе си легнев.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тоа е, со зборовите на алхемијата, coniunctio oppositorum, каде што на едната страна е Сол (Сонцето/Ергенот), а на другата Луна (Месечината/ Невестата).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На прв поглед би можеле да речеме дека “огнот доле” на збиен начин го изразува соединувањето на она што е горе (маж/оган/сонце) со она што е доле (жена/вода/месечина).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Играм, се вртам ту на едната страна, па до ѕидот, па одназад или однапред.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Излезе месечината. Онака сонлива, се удри од висок оџак. Офна. Едната страна ѝ набабре.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Писна ноќна птица, според моја процена ут. Можеби се растажи над месечината.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На едната страна можеа да се видат новодојдените, а на другата постарите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сигурно тогаш не знаев дека се тоа особени луѓе, колнати, дека со нив од едната страна иде ангелот, а од другата ѓаволот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И мајка му е искосена на едната страна како да бега да се слика.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Месечината, натечена од една страна, се испилува од перјата на еден облак и поаѓа во агитација за топли човечки односи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се потргна малце од него плашејќи се да го погледне и кришум, додека пак ја чувствуваше тежината на неговото рамо врз едната страна на лицето, му ја бараше раката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како капка вода да се обиде да пробие од кожата под стаклото на окалките, за да не најде отворена пора и да се разлее полека кон темниот печат на едната страна на врелото лице.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оттаму, дијалогот почнуваше да ни личи на панаѓурските теглења јажиња во коишто победуваше секогаш оној од едната страна на линијата, а самата кулминација неодоливо потсетуваше на еднострана сексуална катарза.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Од едната страна на собата имаше една малечка мини-софа со везена прекривка во македонски народен стил, додека до неа стоеше подвижна масичка во ориентална форма.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Преку едната страна на лицето му се распливнува светлост додека под неа ги снемува брчките.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И најпрвин на коленици, потоа меко, на едната страна бапнал коњот и останал со доближената глава до лицето на својот убиец, до едното негово око од кое смртта ја испивала машката солза.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го погледна - како да гореше; светлоста на огништето му паѓаше на едната страна на лицето; во косата му се притајуваа искри.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не барам а наоѓам во себе чудна слика: помеѓу осаменик и чета со нејасни лица е кренат непробоен ѕид со тајни отвори за атак само од едната страна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Марко Проказник се погледна во огледалцето: пукнатината на стаклото му го делеше лицето на две, едната страна е мазна и со неколку капки крв, другата е варовник со многу ситни дупчиња.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сонцето мина дел од својот пат и му падна врз едната страна на лицето, и тој, како и пред тоа, продолжи да ја следи гасеницата на мермерните излижани плочки но, и без да се сврти, знаеше дека не е сам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не сосема. наслушнувајќи го кркорењето на човекот со куршум во градите, коњот со винско испарување во ноздрите, од движење на кобра го зграпчил со заби офицерот за едната страна на лицето и со тргање го разголил до коска.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А некој што седеше од едната страна од него рече додека тој минуваше: „ Ќе се сретнеме на место на кое нема темнина“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше време пред полноќ кога Ханка ја тргна завесата на едната страна и погледна низ прозорецот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од едната страна екранот, мароканската жега, пареата на амамот, а од другата страна здивот на Симона некаде на околу едно метро в косо поназад од мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Танка црвена лента која се врзува на чорапите врз врвци подница — црепуља за леб печење позавалани — припростички (ни се мажјето) поизгибри — 1) се позачисти 2) пооздраве, му светна лицето покров — покривач од волна и козшга кој служи место јорган пола-до пола — блиско одење та полите од гуните им се допирнуваат пола — едната страна од вратата полупка — поклопец на грне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
XIII дел КАДИЈАТА му се израдува на извештајот од Аџи-Јанета, но за ваква голема акција од сите четири страни, едно што немаше доволно вооружена сила, и друго, едната страна на нападот не беше под негова власт.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сеќавајќи се на своето родно место, тој го подигна мостот на Дрина кај Вишеград на она место каде што во 1516 година ја прегази со коњот, натоварен со едната страна во еден кош.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Никој не пушта глас, ама Чана се подмрднува на едната страна во вратата, им го ослободува поголемиот дел од празнината во која ќе се мерне ту пасамок магла, ту црна валма од главата на возот, ту во далечината снагата на некоја планина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Марјко Посков, тука ли е? Тука е! му одговараа, малку е наведнат на едната страна и малку повеќе со мевот напред од оној пат кога го оптегнал синот со држале од лопата затоа што го истуркал од Агелина! и ќе се раширеше смеа низ купчињата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Замислено си одам по едната страна, потоа поминувам на другата, по обратната дијагонала...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не, плочата е снимена само од едната страна и има само една бразда на неа. 42 Margina #17-18 [1995] | okno.mk Е ова не го разбирам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На едната страна, Италијанците, на другата страна, Грците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XXIII Мајка својот живот на Балканот го делеше на два дела, јасно обележени од балканската географија и од балканската историја: на живот минат на едната страна од границата, во родната земја, и на живот минат на друга­та страна од границата, односно во туѓина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги развлече усните и почувствува под јазикот вкус на смола. не знаеше дека само со едната страна на лицето се смее зашто се изнасилуваше да најде отпор, да се охрабри или да разбуди страв во себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тале го изнесе Дорча. Од едната страна на самарот му го обесија празното тенеќе од млекото, а од другата торбичето, во кое беше шишето со бензин.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од едната страна на огништето, на сламата, облечен легна Трајче со мајка му, а од другата Евто со снаа му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Стоеле толку близу, речиси очи в очи, тој од едната страна на капињакот, мечката од другата страна и само здивот нејзин ги делел.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И наскоро оган се отвори, вџашен, — од едната страна комитите смели, бестрашните чеда во животот страшен, од другата Турци на булуци цели.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Од едната страна сениорот Џорџ а од другата Дуда.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ја сфатив сосема причината но во еден момент таа му се обрати на сениорот Џорџ: - Ти имам речено и пак ќе ти речам: човеков е виновникот што тебе те избрав за сопруг. – Знам, знам – грлено се смееше сениорот Џорџ. – Зарем ти немам речено дека Македонија е богата со умот, многу богата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Две дебели лимузини, со гумите од едната страна по тротоарот пред сѐ уште ненаселените згради, а од друга страна по калта на идниот тревник – завртеа на десно и мешлесто тетеравејќи се, се изгубија во мракот и го оставија на чкрипавото цимолење на бришачите, сред пустата темнина на облакодерите без станари.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дождот навистина упорно ги поливаше шофершајбните, додека конечно успеа да го извлече автомобилот на булеварот „Јане Санданаски“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но неговата најголема палавштина се состоеше во тоа што ме натера во седечка положба да ја чешам главата со нога; тоа го правеше на тој начин што мавташе со ушите ту од едната страна ту од другата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но оваа идеја стана ужасна кога се вгнезди во реалноста.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во соседството беше Германскиот павиљон со инсталацијата на Hans Haacke, каде сѐ е чисто, јасно - добрите момчиња од едната страна, лошите од другата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но тоа не се случи ни една вечер, еден ден ја снема и жицата, како што сега ја нема ни куќата на спротивната страна од улицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега на покривот, над истиот оној празен простор, стои човеков што тогаш беше дете и тогаш гледаше оздола со отворени зеници и запрен здив кон височината што му се чинеше недосеглива, кон работ на покривите; стоеше сега поднаведнат а сепак достатно задржан од железата околу рацете, затегнати со сигурност над таа улична празнина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Едната буква од вертикалниот ред беше падната, а долната штангла, напречната, искривена и целиот круг малку поднаведнат на едната страна, како да потклекнал под тежок напор од другата страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Човекот ги префрли обете раце преку железото, како да се распнува на него, и сега гледаше удолу без она несигурно стоење на тлото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Преку улицата, под самите покриви и над балконите од куќите, одеше акробатот по жицата, по јакото челично јаже растегнато од едната страна до другата, одеше господинот професор по жицата и ги претставуваше своите продукции поигувајќи се со жицата во такт со штраусовите валцери, а долу, под него, луѓето ги извиваат вратовите нагоре, натискани еден до друг со оставен широк празен круг на плочникот по целата должина на растегната жица, го гледаа од вечер во вечер, како виси над празнината помеѓу темното небо и нив долу, сенишно осветлен од блештавите рефлектори, го гледаа и секоја вечер чекаа да се случи нешто друго од оние свикнати, пресметано опасни кривуличења по жицата, луѓето чекаа да го наполнат оној оставен празен круг со еден крик, нивниот, и со едно стрмоглаво паѓање, неговото, и прекинување на катавечерните продукции врз жицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одамна оваа грдомазна железна конструкција не светеше навечер, а преку ден стоеше изгубена меѓу покривите, на височината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гледајќи на едната страна на мостот почувствував топлина во душава, а во истиот миг студена болка во градиве, очајна вознемиреност ми ги замрзна солзиве, гледајќи ги созлите во очите на страдалниците.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Па зар нашата човечност е поставена на фронт, од една страна човечката рамнодушност а од друга страна мрачни борби, страв и траги од изминати и сегашни бури.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Немав зборови, на ништо не мислев, само вознемирено и во исто време скаменето гледав во мостот на белото платно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Двете страни на границата не можат да останат „неизвалкани“ една од друга, бидејќи секогаш едната страна на границата ја „инфицира“1 другата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Само го видов Миле како се наведна над мене и ми се изнасмеа со дупката низ забите, дури и ме потшутна со нога по половината, ама ништо не почувствував.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Или да си останете без лулашки?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не само што го помина од едната страна, туку за да покаже колку е добар го премина повторно од другата и се врати на истото место од каде што имаше почнато.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И двајцата се насмеаја накриво само со едната страна од устата, - Сакаш да ги тргнеме и другите седишта, па да си седите на старите?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нѐ поделија на две: жените на една страна, мажите на друга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се навали на една страна толпата и ќе се урне, ќе се скине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од една страна на лицето ги познавам, а од другата ќе ми стојат непознати. 10.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едни од една страна, други од друга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе постелиме и ќе се наредиме по целото собиче: јас и Оливера на една страна, а мажите на друга. Крлаган, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од една страна готвачи, од друга касиерки и сервирки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку ќе нѐ истркала на една страна и ќе нѐ смеша со војниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се разделивме пред Четрок, на раскрсницата: тие на една страна, јас на друга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На едната страна беа Велика Британија и САД, а на другата СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој јавно велеше: - И кај нас, како и на меѓународен план се спротивставени и судрени две сили: империјализмот и монархофашизмот од едната страна и народната демократија и националната независност, од друга.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во кратките летни ноќи, лежејќи на рогозина врз калдрмата во дворот (дома не спиевме лете зашто не јадеа болвите) и загледана во безбројните ѕвезди што мижуркаа на небото кое од едната страна беше заградено со куќата, од другата со тремот за овците и до него фурната, па натаму од високиот ѕид што нѐ делеше од комшиите и од долната страна со високата порта и авлијата, си мислев: ете, уште малку и како што ми вети тате, ќе одам во Костур да учам за шивачка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ЈАКОВ: Плус уметник, плус. (Ја отвора едната страна од мантилот, наредена муниција и бомби)... револуционер. (Вади бомба.) Рачните бомби се проектили со различен облик направени од експлозивни, запаливи, димни или хемиски средства, конструирани така да можат да се фрлат со рака на далечина од 40 метри.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Потем таа ги излупи компирите, ја стави тавата со сало на оган и кога салото зачрчоре, почна да сече фелчиња, да ги реди во тавата откако до подгорување ги испржи од едната страна, ги врти и од другата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Одеднаш Чорола Гагов и Митре Богојов, едниот од едната страна, другиот од другата стана на реката, се фрлија во вирот порабен со дебел слој мраз.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Потоа од едната страна нацрта кругчиња во ист ред, освен две нацртани малку подиставени од другите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа од едната страна нацрта кругчиња во ист ред, освен две нацртани малку подисачени од другите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се погледнаа така, ги одвалија главите де едниот де другиот и де на едната страна едниот, де на другата страна другиот и се разделија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја израмни од едната страна отсечувајќи ја колку што може на крајот, ја посла на душемето, зеде едно парче за урнек од исечените и со него почна да мери и со ножот да бележи каде ќе ја расечува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ние имавме задача да напаѓаме само ноќе, зашто дење бевме изложени на опасност.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Од едната страна Германците, од другата страна Црна Река, таму каде што коритото беше најтесно, а ние никакви пливачи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Една вечер бевме ударници. Нашата десетина се упати кон селото Грбавец, Тиквешко, кога наближивме до селото требаше да биде строга тишина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој јавал на коњот, сестра ми одзади на газот, а мене ме ставиле на магаре, од едната страна, а од другата страна торба со камења, за рамнотежа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Влеговме во првата куќа, тие спиеја, од едната страна воловите а од другата страна луѓето спиеја.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Седиме така ние двајцата спроти шпоретот и мијалката во кујната, јас од едната страна на масичката покриена со мушама, таа со рацете на скутот на другата страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Горе на оџакот на едната страна дрвен толчник, а на другата една бакарна топовска граната.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)