единствен (прид.) - лице (имн.)

Објаснил дека сонот може да се однесува на едно единствено лице, како и на цел еден сој, како што било на три пати со нивниот, Акиноскиот, и како што било, тогаш одамна, со Муслиоскиот, и како што било, во последната Голема војна - или на цел еден народ - како што било тоа со нашиот, македонскиот народ, по поделбата на Македонија, и како што беше со еврејскиот народ во Последната голема војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега облекуваше спортски чевли кога тргнуваше на прошетка зашто инаку, кога би носел чевли со цврсти ѓонови, би го следеле пците-скитници со своето лаење долж сиот пат, би се палеле светлата на прозорците од каде би се јавувале разни лица, и целата улица би била вчудовидена штом би видела едно- единствено лице што талка низ празната улица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)