Бугарската влада го прифатила тоа барање и во втората половина на април 1941 година, во Македонија, Јужна Србија и на Косово, ја упатила својата Петта армија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште пред капитулацијата на кралската југословенска војска, нацистичка Германија ја повикала Бугарија да окупира поголеми делови од Македонија и Јужна Србија, со единствена намера да се ослободат германските единици за натамошни воени дејствија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Се чуди од каде ви е информацијата дека ѓерданот и е одземен со единствена намера нашиот виден раководител да и го подари на својата секретарка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Слушнете го и она што е запишано малку подолу во изјавата на Цвета Басотова.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Стариот писател настојуваше да дознае повеќе поединости за смртта на Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но брзо сфатив дека станува збор за неважни поединости стокмени со единствена намера да ми го одвлечат вниманието.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Вистината вели: Човекот ја јавна Расната кобила со единствена намера Да ја совлада бескрајната рамница! (А човекот не може да јава без да сонува)!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
„Ја обикновениј дурак“ повтори тој можеби во единствена намера да го совлада срамот со кој беше исполнет до врв, „како полно шише вотка“, така самиот се изрази, и јас веќе знаев дека тој смета оти го пронашол лекот за својата болка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А замисли си што се случило. Не успеал никаде да го пронајде Штабот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во оваа прилика, кога се работи за мошне важна работа што вреди добро да се разгледа, откако ги прегледавме книгите на жалби на нашите католички поданици и откако им дозволивме на своите поданици на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, преку своите пратеници да ги соберат и да ги посредуваат своите книги на жалби и да ги соберат сите свои забелешки, и врз основа на тоа со нив повеќе пати ги споредивме и ги прегледавме претходните одредби, оценивме дека е сега потребно да се даде за сите заедно на сите наши поданици општ, јасен и сѐопфатен закон, со којшто ќе бидат уредени сите спорови што до сега се појавиле меѓу нив и ќе се појавуваат и понатаму, и со којшто ќе биде можно да се задоволат и едните и другите, колку тоа во дадените околности ќе биде возможно. што се однесува до нас, поради тоа што оваа одлука ја донесовме само од желбата да му служиме на Бога и со намера сите наши поданици и понатаму да можат да го почитуваат и да склучат меѓу себе цврст и траен мир, понизно ја молиме Margina #32-33 [1996] | okno.mk 93 Неговата божја милост за еднаква заштита и наклонетост, што секогаш видно ја доделувал на ова кралство од самото настанување и сите овие долги години што ги достигнало, и да им наклони милост на нашите поданици, за добро да разберат дека почитувањето на оваа наша одредба (по тоа што е нивна должност кон Бога и кон сите) е главен темел на нивната врска, соживот, мир и спокој и повторното уредување на целокупната држава во првобитниот сјај, изобилство и моќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
(...) Ако е божја волја, сега да ни дозволи да уживаме малку одмор, мислиме дека не би можеле подобро да го искористиме отколку да се посветиме на она што би можело да се однесува на славата на Неговото свето име и служба, и да се погрижиме да го честат и да му се молат сите наши поданици, а ако не му годи да дозволи да биде тоа во еден единствен облик на религија, нека биде барем само со една единствена намера и со такви правила, да нема меѓу нив ниту најмало двоумење или немир и ние и ова кралство ќе можеме засекогаш да го заслужиме и да го сочуваме гордиот назив многу христијански, што бил придобиен со толку заслуги и веќе пред толку време; и на еднаков начин да се отстрани причината за злото и за немирот што би можел да настане заради верата и е сѐ понеопиплив и попродорен од сите други.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како од наша страна ветуваме дека ќе сториме сѐ за нејзиното почитување и нема да дозволиме да биде било како кршена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)