Вечерва на езерскиот брег пелистерките молики ним им шумолат на француски нешто за топењето злато од жешките спомени, за воздишките по секоја прочитана книга и за заблазот што сосема случајно им го фрли еден поет среде нивната прошетка.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Чалгијата молкна... Кога стигна на езерскиот брег, Панде осети како го обзема свечено, празнично настроение...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сонцето зајдуваше кога таа заслегува по камените скали што водеа до езерскиот брег. Стигна до најдолното стапало.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сонливите води на езерото нежно се будеа, бели и светли, кога тој го рашири и последен пат своето платно на истото место, крај црквата, од каде што водеше стрмно, кривулесто патче долу до изворот на езерскиот брег.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Излезе да ме оставиш со портретите но јас дека со нив се покриени млаки пејзажи: жолти езерски брегови, светли копи сено, црвени идилични неба. најпрвин ликовите беа нејасни.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Прво беше езерскиот брег, па низата хотелски објекти на туристичката населба, а зад нив еден рид со густ прнар и планината што се извишуваше до облаците пред да се спушти до карпите на соседното езеро: многу природа во еден поглед.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Утредента, по хотелската ноќ под илјадитиот отпечаток од графиката: превртен чун под жална врба на езерски брег, спани- недоспани, бабуњосани и мамурлии, појдовме да го земеме Живка од дома.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Излезе да ме оставиш со портретите но јас знам дека со нив се покриени млаки пејзажи: жолти езерски брегови, светли копи сено, црвени идилични неба.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Селото лежи на самото езерски брег опколено со камењар на кој растат ниски закржлавени дабчиња.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Патот широк, води пругоре над езерскиот брег.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тргна колоната и на излез од Поградец, стоп. Две жени на раце однесоа до езерскиот брег.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Поранешниот, вековен пазар, покрај езерскиот брег е пренаменет во градски парк.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во кафеаната, веднаш до езерскиот брег (изградена од дрво со многу пластични елементи) замоливме да нѐ послужат со кафе.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во непосредно соседство на големата езерска вода, привлечени од нејзиниот чудесен блесок и многу повеќе од градскиот вријавец и широките перспективи што тој ги отвора пред нив, пасквелчаните во крајот на втората книга стремглаво ќе се сјурат кон езерскиот брег.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Бебулињата со време да сфатат дека езерото е неспоредливо поубаво од стварноста и дека неговите бистри води се посилни од заборавот.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ги гледам на езерскиот брег, како што се гледаат мајки.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Не е арно во животот да се лулеат како празни кајчиња и не е арно ако не сонуваат кога спијат.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Испружената дланка ти го прекратува сркањето на утринското кафе во кафулето на езерскиот брег.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Крај езерскиот брег, младите охридски мајки не ги скокоткаат весело своите бебулиња.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Уште при првите мугри одеше крај езерскиот брег.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Појде првин кон истекот, излезе на самиот езерски брег.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Да не донесуваме сами никаква одлука, браќа мои: да му оставиме на Случајот да избере, зашто тој е раката Господова.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Најпосле, еден ден, најстариот брат ги викнал кај себе помладите и им рекол: „Браќа мои, браќа по крв, по млеко и по славата божја, ако не ја изградиме кулава, Турците пак ќе ни се приближат до езерскиот брег, криејќи се низ трските.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)