Во нив се вели дека светот е множество факти, кои се состојат во постоењето на она што Германците го нарекуваат „Sachverhalten”, кое Огден го преведува како „atomic facts” (атомарни факти), а Пирс и МекГинис, можеби поточно „state of affairs” (состојби на работите).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
За да има дословно значење, реченицата мора да изразува или вистинита или лажна елементарна пропозиција, која им доделува извесна дистрибуција на вистина или лага на елементарните пропозиции.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Овие состојби на работите се сочинети од едноставни предмети, а се претставени со елементарни пропозиции кои се логички независни една од друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
До неможност да се претстави нешто доаѓа кога некоја реченица која поставува барање во однос на вистината или лагата, не ја опишува можната состојба на работите, без оглед дали е едноставна или сложена.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во тој случај се смета дека сложената пропозиција е вистинитосна функција на елементарните пропозиции за кои се зборува.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сè додека не се ни елементарни пропозиции, ни вистинитосни функции од елементарни пропозиции, метафизичките искази не претставуваат ништо.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)