Таа глетка на сушта емоција, на дотечена, непопречена страст која најпосле ја урива пристојноста на општественото живеење, е глетка што долго се поврзувала со женскиот субјект.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Едноставно упатува на луѓе што прават истополов избор на сексуалниот објект и, можеби, укажува дека и не се срамат од својата сексуалност и не гледаат да ја скријат.
Како таков, поимот „геј“ ѝ дозволува на мојата сексуалност општествено да се обзнани под превезот на една пристојна ознака, речиси еуфемистична, и во смисла на идентитет, а не на еротски субјективитет и на сексуално однесување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Глетката што го магнетизира вниманието на публиката во сцените од Милдред Пирс и од Најмила мамичке е глетката на жени што „шизнале“, жени што ја преминале точката на пукање и излегуваат од контрола.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Од Преобразбите на Овидиј до Мадам Бовари, жените во европската култура се традиционалното средство за искажување на еротски субјективитет и на емоционална претераност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)