Пристапот до главнотековните општествени облици: воената служба, припадноста во црква и бракот.
Ова многу ги објаснува карактерот и преокупациите на современата геј-политика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ги елиминира и материјалните предуслови за медиумска култура во чија основа е заедницата, на политички и општествено напредна медиумска култура и, наместо тоа, го поттикнува подемот на сјајните списанија за животниот стил и кабелските канали, кои се насочени кон националната пазарна ниша и кои се темелат врз канонскиот, службен, главнотековен геј-идентитет, а е против прогресивниот интелектуален, политички и естетски израз, особено против облиците на размислување и критика.
Во такви околности, програмата на геј-политиката и на геј-живеењето ги запоседнуваат грижите на луѓе што живеат раштркани и релативно изолирани, заглавени меѓу хетеросексуалците во гратчињата и во руралните подрачја, наместо собрани заедно во велеградските центри.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Го задушува распространувањето на геј-културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Отсуството на критична маса од геј-мажи што ќе биде физички присутна на едно место го отежнува забрзувањето на темпото на културното геј-софистицирање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Додека уметноста денес е современ феномен кој што зазема свое место во глобалното капиталистичко општество, многу јапонски уметници негуваат посебен естетски израз развиен низ вековите на постоењето на земјата, посебно од средината на 17- от до средината на 19-от век, кога Јапонија беше затворена за надворешниот свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Можеш и понатаму да си се држиш за идеалниот калап на добриот хомосексуалец: некој доблесен, мажествен, полн самопочит, достоинствен, што не е од „сцената“, непромискуитетен, со конвенционален светоглед и солидно приврзан за традиционалните вредности – прав граѓанин и честит припадник на (стрејт) општеството.
Накратко, појавата на една разбиена, виртуелна заедница и исчезнувањето на една настрана јавна сцена, заедно со губењето на две-три генерации геј-мажи поради сидата, отстрани голем број од условите нужни за одржувањето и за унапредувањето на геј-ослободувањето – за културен и политички вриеж што ја подигнува свеста и за меѓугенерациско пренесување на настраните вредности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)