Овие си се неговите, си рече.“ 258
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Длабоко згрозен од едноличниот свет на ниската средна класа во кој се родил, Пол особено, и постојано, се потплашува од „мрсната реа“ на готвено (122, 125, 131), која за него го претставува сето она што има врска со непрефинетата тмурност, со долната телесност и со задушните секојдневни обреди на репродуктивната хетеросексуалност – сѐ што има врска со естетскиот пустош на секојдневниот семеен живот – против кој му се бунтува душата.
Пол ќе си најдел сродна душа во ќерка ѝ на Милдред Пирс, Веда, која исто така копнее да избега (како што ѝ нагласува на мајка си) од „твоите пилиња и од твоите пити и од твоите кујни и од сѐ што базди на маст, ... од ќумезов и од петпарачкиов мебел, од градов и од неговите распродажби и од неговите жени во униформи и од неговите мажи во комбинезони“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)