Накратко, класната, расната, етничката, сексуалната и родовата политика на филмот е прилично ужасна.
Тие политички петна, меѓутоа, не го смалуваат естетскиот успех на филмот, особено кога се гледа со правилна дистанција и иронија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Филмот е бележит и поради улогата на Батерфлај Мекквин, која не е именувана во екипата, а која ја игра црната прислужничка на Милдред, Лоти, на некој начин најдивниот лик во целиот филм, но исто така и средство за упорно, жестоко расно стереотипизирање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако Милдред Пирс ја скокотка публиката со грешната глетка на женската сила, автономија, пргавост и моќ – дури и со извесна женска мажественост – тој тоа го прави под услов Милдред на крајот да си ја предаде самостојноста и да се врати во положба на домаќинска и сексуална подреденост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)