жандармериски (прид.) - станица (имн.)

На секој три села по една џандармериска станица. Се прават, ги правиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Или ќе ги забереа пред пушка и ќе ги отераа во џандармериските станици во Алинци или Тополчани, или во Прилеп или во Битола, ќе ги држеа во тамошните затвори неколку дена, неколку недели или неколку месеци и кога ќе ги пуштеа да си дојдат дома, си доаѓаа посинети од ќотек и со искршени ребра, раце и колена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Почна да се прави и нова џандармериска станица. Со поголем затвор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На секои три села по една џандармериска станица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)