Само очите да ги затворам и пред мене ќе се појават лицата на тие луѓе кои со големи, остри, пламени и жешки зборови, преполнети со нескротлива омраза кон непријателите и верба во победата, зборови кои ечеа како рофји и се растураа и растегнуваа како секавици, паѓаа врз нас како громови врз карпи и длабоко се врежуваа во нашите распалени глави, ја јакнеа и крепеа нашата вера и нашиот борбен дух.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)