железен (прид.) - прачка (имн.)

Отворено искажуваше сомневање дека господата во бели мантили ја искористиле грешката што ја сторила при обидот за премин во другото време за да вградат во нејзиното кревко тело железни прачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пелагија стоеше под вагонот со отворена врата каде што на железната прачка се имаше потпрено и подадено напред Добра со Ленчето во рацете и ги пушташе своите топли солзи врз сестра си, велејќи Мила Пелагијо, црна сестричке, што се случува со нас?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со мака таа можеше некако да се провре меѓу железните прачки од прозорчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но зашто тие се најдуваат од кај страната на Градишки Пат, минува веднаш под нив, то ест од кај страната од којашто постојано се заканува опасност, зарешетчени се со железни прачки па дури и да стане и да ги отвори, пак не ќе може да се подаде низ нив и да го види цел Станкоски Рид, - ги гледа само јужните падини на Горник, Дупка и западните падини на Зедница - заедно со Горник и со гробиштата на Рамник на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се обиде со рацете да ги размрда железните прачки на прозорчето, но тие беа цврсто заѕидани во ѕидот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Тие мислеа дека вградувањето на железни прачки ќе ме одврати од намерата да летам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И кога застанавме пред тешката, дрвена, со железни прачки окована врата, Филозофот забележа дека се плашам: „Колената ти се слаби“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)