жив (прид.) - во (предл.)

Добар дел од нив раби Елеазар бен Цви ги затече живи во синагогалниот одбор откако пред четириесет и седум години му беше понудено да раководи со неа.  Му зборуваа за својот роден град и му објаснуваа дека по инквизицискиот прогон на сефардските Евреи од Португалија и Шпанија на самиот крај од 15 век, тие се населиле низ целата тогашна Турска империја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Каурите се спремаат да ја уриваат нашата царштина од темел па чекај ги и кај тебе некоја ноќ и приварди се да не те најдат на спиење и да те испечат жив во конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е! Прочита што пишува казмакамот? — му се обрна стариот мудур на младото офицерче и го покани да седне на столот од десната страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гоце, единствената надеж на мајката, му ја стискаше раката како да сакаше да го додржи до свест, го плескаше по бескрвните образи со галежни шлаканици, молејќи се да го има жив во рацете барем додека не се појави таа секогаш Брза помош или додека не долета тој волшебник од лекар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Впрочем, да се идентификува BAD, да се биде секогаш на штрек, го овозможува задоволството човек да се чувствува жив во време кое „врие од разуздана празнина и ѓубре”. Fussell вели дека нештото кое очигледно е лошо не останува лошо за долго, бидејќи некој ќе се сети, и bad ќе се воздигне во BAD, ќе биде фалено насекаде како вредно, како посакувано.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Без свеќа и без крст и име врежано во камен, а имињата најмногу им се живи во споменот и болката на роднините и запишани се во тефтерите кои на архивските полици ката ден ги гризе прашина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во тоа време, по неуспехот на востанието во Савоја, италијанскиот револуционер Гарибалди е во Јужна Америка каде ќе се бори за независноста на Рио Гранде и на Уругвај, Делакроа го оживува со цртежи Шекспировиот Хамлет, а во Македонија, по пет години од раѓањето на поетот Прличев добитник на првата награда во Атина за поемата Сердарот, негде на планината Бистра изгоруваат живи во плевна двајца стари иконописци заедно со голем иконостас за некој крушовски манастир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, додека е во тек преселното движење на холандските Бури од еден во друг дел на Јужна Африка, ларпурлартизмот ѝ готви на уметноста стапица за да ѝ ги скине врските со животот, граѓанската класа во Шведска бара укинување на племството што можеби, според правдата на развитокот, ќе подава рака да испроси трошки од „никаквечката“ трпеза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во приквечерината на овој непроменлив декор од агли и суви камени ѕидишта, бликаше оној огромен свет, полн со преживувања, личности, судири меѓу нив, дива гордост, свет што преминал во минатото, но што е така јасен и жив во неговата пламната глава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Низ пукнатината на делканата оревовина ги виде сите живи во селото и оние што се далеку по светот, насекаде, преку големи реки или преку мориња со непознати риби и треви - чекорат, ги затвора круг во рамка на безизлез, се враќаат, остануваат по патот по дел од себе, потоа со згрченост ... гроб ... пепел; од нив остануваат само очите да ја бараат целта; распослани насекаде, тие се цветови на црна пролет.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но колку и да беа исчезнати овие времиња, нивниот дух остануваше жив во луѓето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И 12 Роман Јакобсон: „Лингвистика и поетика“, Нолит, Белград - 1966, стр. 35. усниот стил, кој е постојана и типична бележитост на руската лигература, извира од фолклорната традиција.13 Дека е тој процес жив во руската книжевност, дека е константен, во своите анализи укажува и В.Виноградов:
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги држев сѐ уште живи во сеќавањето од разговорот меморизираните пораки на Арафат. Морав веднаш да ги забележам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сонот беше сѐ уште жив во неговиот ум, особено она обвиткувачко, заштитничко движење на раката, во кое како да беше содржано сето негово значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако бидам жив во животов, сакам да одам да ѝ кажам еден збор, оти тогаш, кога ја испратив кај Црноеч, се збркав и не проговорив како човек.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го замислувам како лежи горе во гробот, како некој жив во пот го замислувам, легнат со нешто гломазно и тешко на градите. Балвани, надуени и тешки.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Лелеци четворни - за сосечените таму далеку на Беласица, за ослепените, за неживите и живите во селото, за попленетите млади невести, моми, момички и дечиња!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тој е замислен како интимна исповед, како сеќавање на миговите на мојата младешка и спонтана лирска возбуда при доживувањето на Рациновата поезија и помнежот на него, на невидениот, мртов, а толку многу и толку трајно присутен и жив во моето постоење на човек и поет.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Бидејќи наредбата беше да се одведат сужните живи во Истанбул, буљукбашијата не се брзаше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еве нас двајцата – живи в оган.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Веднаш испратија извештај за успехот до пашата во Скопје и кадијата во Прилеп, и од обајцата добија заповед бунтовниците да се доведат живи во Прилеп доколку се предадат живи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А тој, Стале, е одреден од самиот свети Илија да му биде „слуга" дури е жив во новиот дом.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ќе го видат тогаш Сталин како жив во сликата...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И глас надоаѓа од оној ист рид од кај што сакав да те преселам во земја онокрајна во миг светлина кога ме осветли јарка Ти, таму на север, неподвижна како лузна, како костур, а јас – на твојот југ кружам од рид на рид, од брег на брег жив во дамнината.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Каде си горка жено да видиш Изгаснато сонце кај крижу од брег на брег, од југ на југ Јагленосан да ме видиш Жив во дамнината?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Тамо ќе да сме живи во вечнија и безконечнија веки, а овде сме сургун.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И копаат до рамена, до глава и над глава; подобро што подлабоко жив в земја, отколку мртов во неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во својот “Автобиографски есеј”, 1970-та, тој напиша: “Ја познавам женева многу подобро од Буенос Аирес, што лесно може да се објасни со фактот дека во женева нема две раскрсници што се слични, па човек брзо ги воочува разликите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секој ден шетав крај таа зелена и ледена река, Рона, која минува низ самото срце на градот, а ја премостуваат седум сосема различни мостови”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес избра да умре во Женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но споменот на тие години во женева времето и заборавот не ги беа уништиле, ни од далеку, туку беше жив во Борхесовото паметење, па дури стана и драга област на втората татковина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ама, пусти живот, жив в гроб не се влегува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Убаво тропа, - рече Шишман. Живото во ротата мана си немаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јас а ни никој жив во селото не ја знае целата прикаска, ама така некако Пандо попадна во лош осарник...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)