Покрај тоа, сум никаков говорник, со луѓето седам немо, им здодевам и своите обиди да им искамчам некоја пара ги изведувам толку наврапито, сред некој молк, што звучат како уцени.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од неодамна, акцентот е ставен на границите како економски разделници, кои означуваат (и одржуваат) глобална економска нееднаквост: „Онаму каде што приходот, вработувањето и животниот век многу се разликуваат, границата може да направи разлика меѓу сиромаштијата и материјалната благосостојба, а повремено и меѓу животот и смртта“.18 Прашањето за границите е неодвоиво од односите на моќ меѓу нациите.19 Само еден поглед на граничната иконографија, со нејзините надзорни кули, бодликавата жица, бетонските бункери (или ѕидот во Израел), е доволен за да се согледа дека граничните области се места и симболи на моќ.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тој брзо зачекори за да заштеди некоја минута за пилињата, чиј животен век навистина беше краток.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Човекот тороши цел еден животен век духовно да се изгради, а и покрај тоа релативно е колку успева.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Но на Балканот, границите, во нејзиниот животен век, беа толку променливи што најчесто не можеше и самата лесно да си утврди каде започнуваа и каде завршуваа туѓината и родната земја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
На крајот, еден план траеше само три дни, толкав животен век е премногу краток дури и за еден план.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тоа ќе биде мојот дом. ќе бидам создавател на нов животен век.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)