Неговите бели и куси трепки не можат да ја сокријат празнината во жолтите очи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Вчас, змејот го заобиколи ридот. Неговото чудовишно жолто око, настрвено на нив, ги палеше нивните оклопи со црвен блескав сјај.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Мурџо седеше наспроти неа, на земја, а таа на малечко столче, ја отворил устата, го пуштил јазикот малку надвор и ја слуша и разговара со големите жолти очи кои како да велеа Да, разбирам, ама освен дечиња и мајки, имаше ли и кучиња?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Знаеше, отпорот на гаменот ќе е страшен; сеќавајќи се на неговите долги раце со тешки шепи, беше сета со Ивана, со неговите бистри, жолти очи покриени со сенка на густи кадри врз челото.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Животинче едно!“ се смееше свекрва ми и отиде да ја баци Маци меѓу ушите додека таа џвакаше и ме гледаше со жолтите очи.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)