Машкото геј-присвојување на Ritorna vincitor! имплицира не само меѓуродова идентификација туку и истополова еротска желба, не само женствена субјектна положба туку и хомосексуална и мелодраматична положба – став на очајничка, забранета желба за воин јунак.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Одново, сведоци сме на умножување на гламурозните и на абјектните улоги, како и на признание за уживање во самата мелодраматична форма.
Но ако она што го преоткриваме тука е хомосексуалната љубов кон мелодрамата, не можеме да не ја забележиме валоризацијата на мелодрамата како средство за искажување хомосексуална љубов, восхитот кон машкиот предмет на љубовта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, во контекстот на одбојкарскиот турнир, геј-присвојувањето на тие зборови му вбризгуваат имплицитно сексуален елемент на односот меѓу тимот и клубот што го поддржува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И геј-употребата го интерпелира изговарачот на зборовите (во случајов и мажот што го напишал известувањето и мажот што треба да го прочита) како кралевита жена, како црнкинка, како робинка и како жена на која ѝ е судено да биде уништена од љубов.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)