Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Нешто ѝ кажуваше воопшто да не ја почнува потрагата и дека овој човек за неа е, и дозволена, и забранета зона. Дозволената ѝ даваше можност целосно да му ја отвори својата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)