Момичката се згуши во него. Сета се смалечкави небаре во мајкин скут заспано детенце.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)