Позната е Кејџовата изведба при која испи чаша вода со контактен микрофон прицврстен за вратот, така што како звучен резултат се доби силно гргорење на водата која минува низ грлото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Електро-акустичната верзија на 4’ 33’’ со име 0’ 00’’:4’ 33’’ бр.2 се состои од дисциплинирано изведување на една не-музичка акција во полето на високото појачување на звукот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Инспириран од Џојсовиот роман “Финегановото бдеење”, Кејџ го создаде делото “Прекрасната вдовица од осумнаесет лета” (1942) за глас и клавир при што клавирот за време на изведбата е затворен, а на пијанистот му е достапна неговата конфигурација што наметнува неконвенционален, нетрадиционален начин на свирење со прстите и зглобовите на раката.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Организацијата на времето е спроведена просторно така што низ единица простор (2 инча=1 сек.) се добиваат инаку недостапни траења како 4/7 плус 2/3 плус 1/5 шеснаестина нота во секунда.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во склад со своите нови интересирања, Кејџ себеси постапно се воведуваше во зен-от, посетувајќи ги предавањата на Д. Т. Сузуки на Универзитетот Колумбија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Понатамошниот напредок во истражувањето на звукот претставува делото „Имагинарен пејсаж бр. 1“ (1939), за две грамофонски плочи со променлива брзина на емитување, чинели, клавир и два микрофони, кое се изведува во две затворени простории додека во третата се режира звучниот резултат подесуван за емитување преку радио-брановите или за бележење на лента.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Поместувањето на важноста на звучниот резултат кон чинот на изведувањето на делото каде звукот го поприма статусот на последиците од тој чин, укажува на еден важен аспект на Кејџовото музичко мислење кое подоцна, посебно во неговата експериментална фаза која ја отвори “Тивкото дело 4’ 33’’”, ќе стане трајно обележје на неговото творештво.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)