Ве донесе ли господ да се видиме живи здрави по победата? — иронично се провикнаа Пере Тошев и Петре Ацев, коишто заедно со Тренков, Коле Пешковчето, Шаќира, со целата своја чета се прибраа во Толевиот пашалук и се ставија со Толета, молејќи го да им осигура заклон и леб, бидејќи народот почна да ги отпадува од себе, а тие немаа морална сила да го повелаат како порано.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И јас не верував дека ќе стигнам до тука еден ден да ве видам живи и здрави по бурната ноќ, кога заминавте! - рече Гури Порадеци.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)